Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: НЕ за крвави мобилни телефони

“Como estaba configurado mi Facebook, la cuenta de correo y un amplio grupo de contactos del chat BlackBerry, el ladrón utilizó mi equipo y comenzó a enviar mensajes, lo que me llevó no sólo a la tarea de poner el denuncio sino que además enviar mails masivos informando del hurto y que no se tuviera en cuenta lo que enviara mientras me cancelaban el plan”.

Víctima de robo de celular referenciada en el blog 24 horas noticias

„Откако го поставив мојот профил на Фејсбук, сметка за електронската пошта и опширна група од контакти на Блекбери чет, крадецот го употребил мојот телефон и почнал да испраќа пораки, што ме натера не само да го пријавам туку и да испратам голем број на електронски пораки за да ги информирам сите за украдената сопственост и побарав од нив да го игнорираат она што им е испратено, додека ја откажав мојата сметка.”

Жртва на украден мобилен телефон цитирана на блогот24 horas noticias [24 часа вести].

Јавен проблем

Image by Flickr user JonJon2k8 (CC BY-NC-ND 2.0).

Слика од корисник на Фликр JonJon2k8 (CC BY-NC-ND 2.0).

Кражбите на мобилни телефони и нивната последователна незаконска продажба претставуваат проблем на јавниот ред во Колумбија толку многу што оваа година националната влада одлучи да го опфати со Одлуката 1630 од 2011 год., која, како што пишува веб-сајтот Geek the planet, го воспоставува следново:

La venta de terminales móviles nuevos y usados en el país solo la podrán adelantar las personas autorizadas entre ellas los proveedores de redes y servicios; cualquier persona que los proveedores de redes y servicios autoricen, y las que el Ministerio TIC igualmente autorice.

Продажбата на нови и употребувани мобилни телефони во земјата може да биде извршена единствено од страна на овластени лица, меѓу кои спаѓаат и Интернет провајдери и провајдери за такви услуги; секој друг кој што е овластен од Интернет или услужните провајдери, и оние кои што се овластени од Министерството за информатичка технологија.

Со оглед на ова, главната личност во Министерството за информатичка технологија во Колумбија, Диего Молано Вега, (цитиран на блогот Bacalaoconpapa.com) тврди дека:

Con esta medida no queremos restringir el libre mercado sino proteger la vida de los colombianos y frenar el derramamiento de sangre que se ha generado a través de los robos de los celulares. Quiero hacerle un llamado a los colombianos a que denuncien los robos porque a partir de ahí podemos enfrentar a los delincuentes.

Ние не сакаме да го ограничиме слободниот пазар со оваа мерка, туку да ги заштитиме животите на граѓаните на колумбија и да го спречиме крвопролевањето кое се случува заради кражбите на мобилни телефони. Би сакал да ги повикам граѓаните на Колумбија да почнат да ги пријавуваат кражбите бидејќи од сега можеме да се соочиме со деликвентите.

Во иднина, владата очекува да се создаде база на негативни статистики, составена од информации на пријавените украдени мобилни телефони, за нивно дефинитивно деактивирање по месец јули. Освен тоа, продавачите на мобилни телефони ќе треба до купувачот да достават сертификат од Комисијата за регулирање на комуникациите во Колумбија.

Како што се очекуваше, спроведувањето на одлуката генерираше широк ранг мислења и на 25 мај, во некои градови, како на пр. Неива, трговците протестираа дискутирајќи дека „ова е во спротивност со правата за вработување и само поттикнува создавање на огромни монополи.”

На Твитер, под хаштагот  #nomascelularesconsangre (да нема повеќе мобилни телефони со крв), можете да најдете изјави како оваа на Александер Васкез (@alexgreencode):

Yo soy sobreviviente, hace un año en la 90 con 11 me apuñalaron en la pierna

Јас сум преживеан, пред една година ме прободеа со нож во стапалото.

Или оваа изјава на Министерот за информатичка технологија Диего Молано Вега (@DiegoMolanoVega):

A mi duele como colombiano que maten colombianos por robarles el celular

Ме боли како Колумбиец бидејќи убиваат Колумбијци за да украдат мобилни телефони.

Поврзани линкови:

- на Lanación.com можете да најдете коментари на граѓани за протестите на трговците во градот Неива.

- на Фејсбук има фотографии од маршот на трговците во Меделин против спроведувањето на одлуката (од локалниот дневен весник El Colombiano.)

https://twitter.com/DiegoMolanoVega

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.