- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: BBC обвинет за неправилно објавување на застарена фотографија

Категории: Источна Азија, Кина, Дигитален активизам, Етничка припадност и раса, Јазик, Меѓународни односи, Слобода на говор, Фотографија, Олимписки игри

Проследено со овонеделното ширењето на страв [1] од страна на американскиот сенатор Сем Браунбек дека Кина ќе ги надгледува учесниците во Олимписките игри во нивните хотелски соби [2], anti-CNN.com ја локализираше сторијата опфаќајќи го известувањето на BBC за веста, во постот „Британскиот канал за перење на мозоци BBC повторно лаже! [3]“ , кој се наоѓа на почетната страница на anti-CNN.

[3]

Откако извршивме пребарување, откривме дека оваа фотографија е користена како „моментална“ барем шест пати во вести кои се протегаат низ осум години!

Како резултат на ова погоре, заедницата на anti-CNN.com успеа да ги пронајде следниве написи:

25 октомври, 2006
Дисидентот Ли Џинпинг затворен поради онлајн пишување
Линк [4]

23 Јули, 2006
Кина создава „црна листа за интернет“
Линк [5]

23 септември, 2002
Цената на кинеските веб-цензори
Линк [6]

20 јули, 2001
Кина дејствува врз интернет „зависниците“
Линк [7]

26 август, 2000
Кина ги соборува кибер- натрапниците
Линк [8]

Еден корисник успеа да пронајде уште ден случај, исто така од 2000 година:

Дали оваа сторија е само резиме? Не ја вклучува седмата вест
21 август, 2000
Џианг го поддржува ширењето на мрежата во Кина

Следуваат неколку од најинтересните коментари на првата од четирите страници на овој пост:

„Големата фамилија на Кина“:
Ова навистина го исмејува „професионализмот“ на новинарите од западните медиуми.
Дали е до мене или оваа фотографија е од двајца вуџинг [9] кои учат како да го користат интернетот?

Дремерхио:
Ние користиме ЛЦД монитори сега, како може фотографија со толку стар монитор да се нарекува вест? Дали тие мислат дека ние не се развиваме овие последни осум години? Дури не можат да создадат ни лажни вести правилно!

пиаоли:
Значи во западната демократска таканаречена слобода на печатот, е неодговорна за да биде одговорна? Неодговорноста е само слобода? Секако, западот само сака Кина да биде неодговорна, зошто кога е, тие ќе ја имаат својата прилика.