- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индиски научници превенираат напади од диви слонови со СМС пораки и телевизија

Категории: Јужна Азија, Индија, Граѓански медиуми, Животна средина, Идеи, Развој, Технологија
Wild elephant destroys residential houses in Dimapur. Image by Caiisi Mao. Copyright Demotix (21/6/2012) [1]

Див слон уништил куќи во Димапур. Фотографија од Каиси Мао. Авторски права Demotix (21/6/2012)

Секоја година неколку стотици луѓе умираат во Индија како последица од напад на диви слонови [2] како што на нив им се стеснува и станува се помал просторот [2] за живеење. Научникот Ананд Кумар и истражувачот Ганеш Рагхунатхан од Фондацијата за зачувување на природата (NCF [3]) пронајдоа иновативен начин да се справат со конфликтот помеѓу луѓето и слоновите [4] во Валпараи, Тамил Наду, Индија.

Тие изградија информациска мрежа за слонови [5] која може да им каже на луѓето кога и каде се движат слоновите, со користење на локалните кабловски телевизии и мобилни телефони. Мал тим во Валпари ги следи слоновите во текот на денот и постојано пренесува информации за нивната локација на локалните ТВ канали.

Информациите се прикажани како вести кои може да се листаат [4] на локалните ТВ канали секој ден после 16:00 часот заедно со разни системи за предупредување [6] кои ќе ги предупредат луѓето за присуството на слонови. Фондацијата има база со податоци од околу 2.500 локални жители и им испраќа СМС пораки [7] на оние кои се во радиус од 2 километри од движењето на слоновите. Тие исто така наместија и „гаџети“ на 22 места кои светат со црвено ЛЕД светло за да ги одвратат слоновите. Се што треба е да се остави пропуштен повик на бројот кој ги вклучува светилките.

Блогерот Депонти [8] забележува дека:

Соживотот и конфликтот се две страни на истата паричка.

Познатиот режисер Сараванакумар се фокусира на мерките за соживот со помош на технологија која е одржлива и може локално да се модифицира на платото Валпараи во ова видео [9]

Варун Алагар [10], во неговиот коментар на ова Јутјуб видео, вели:

Ова навистина инспирираше многу луѓе, такви одлични мерки се добредојдени во повеќето ранливи региони, во кои постојат конфликти. Ве молам продолжете со добрата работа, и нека соживотот биде патување наместо дестинација (цел).