Секоја година неколку стотици луѓе умираат во Индија како последица од напад на диви слонови како што на нив им се стеснува и станува се помал просторот за живеење. Научникот Ананд Кумар и истражувачот Ганеш Рагхунатхан од Фондацијата за зачувување на природата (NCF) пронајдоа иновативен начин да се справат со конфликтот помеѓу луѓето и слоновите во Валпараи, Тамил Наду, Индија.
Тие изградија информациска мрежа за слонови која може да им каже на луѓето кога и каде се движат слоновите, со користење на локалните кабловски телевизии и мобилни телефони. Мал тим во Валпари ги следи слоновите во текот на денот и постојано пренесува информации за нивната локација на локалните ТВ канали.
Информациите се прикажани како вести кои може да се листаат на локалните ТВ канали секој ден после 16:00 часот заедно со разни системи за предупредување кои ќе ги предупредат луѓето за присуството на слонови. Фондацијата има база со податоци од околу 2.500 локални жители и им испраќа СМС пораки на оние кои се во радиус од 2 километри од движењето на слоновите. Тие исто така наместија и „гаџети“ на 22 места кои светат со црвено ЛЕД светло за да ги одвратат слоновите. Се што треба е да се остави пропуштен повик на бројот кој ги вклучува светилките.
Блогерот Депонти забележува дека:
Соживотот и конфликтот се две страни на истата паричка.
Познатиот режисер Сараванакумар се фокусира на мерките за соживот со помош на технологија која е одржлива и може локално да се модифицира на платото Валпараи во ова видео:
Варун Алагар, во неговиот коментар на ова Јутјуб видео, вели:
Ова навистина инспирираше многу луѓе, такви одлични мерки се добредојдени во повеќето ранливи региони, во кои постојат конфликти. Ве молам продолжете со добрата работа, и нека соживотот биде патување наместо дестинација (цел).