Со докторите на штрајк и Боко Харам на слобода, Нигеријците се плашат од епидемија на ебола

Health workers in an Ebola screening unit in Kenema government hospital, Sierra Leone. 30 June 2014. Photo by Tommy Trenchard. Copyright Demotix

Здравствени работници во единица за скрининг на ебола во државната болница Кенема, Сиера Леоне. 30 јуни 2014. Фотографија на Томи Тренчард. Авторски права Demotix

Последното појавување на смртоносниот Ебола вирус во Западна Африка, кое се смета за најлошото досега од неговото откривање во 1976, уби 672 луѓе низ Гвинеjа, Либерија и Сиера Леоне, според Светската здравствена организација. 

Болеста сега стигна и во Нигерија, каде човек од Либерија инфициран со ебола умре во Лагос, град со 21 милион жители. Државното Министерство за здравство потврди дека човекот бил тестиран откако колабирал при пристигнувањето во Интернационалниот аеродром Муртала Мухамед во Лагос

2014 West Africa Ebola outbreak Situation Map (Image released to public domain by CDC)

Мапа на проширеноста на ебола во Западна Африка во 2014, на 20 јули 2014. Фотографија од Центарот за контрола на болести. 

Досега, здравствените претставници изброија 1.201 случај од првото дијагностицирање во февруари. Околу 60 проценти од луѓето кои се заразија во оваа епидемија умреа.

Телото на човекот од Либерија беше кремирано во Лагос, а приватната болница каде беше третиран е затворена и под карантин

Ширење на оваа многу заразна болест низ Нигерија би претставувало катастрофа. Државата е во војна со Исламската милитантна група Боко Харам, која уби, осакати и киднапираше цивили во последниве четири години. Исто така, околу 30.000 членови на Медицинската асоцијација на Нигерија се на постојан штрајк додека не се направат одредени промени во системот за јавно здравство. Критичарите ги нарекуваат нивните барања „слаби и неоправдани“. По смртта на човекот од Либерија од ебола во Лагос, асоцијацијата одби враќање на работа.

Ебола вирусот се пренесува преку контакт со телесни течности на инфицирани животни како лилјаци и мајмуни. Ова е причината поради која ова избивање на вирусот најтешко ги погоди оние региони каде се конзумира „bush“ месото или месо од диви животни. Вирусот може да се шири од човек на човек преку директен контакт со крвта, преку рана на некој кој е инфициран или од инфициран труп. Симптомите вклучуваат треска, слабост, лошење, главоболка, дијареа, и надворешно и внатрешно крварење.  

Нигеријските нетизени ги дискутираа опасностите кои ги носи можноста за епидемија на ебола за целата држава. Чуба Угву, научник помеѓу Лагос и Лондон, напиша на Твитер: 

Боже те молам, не дозволувај оваа #Ебола приказна да е вистинита. Борење со Боко Харам и епидемија на #Ебола во исто време практично ЌЕ НЕ убие сите.

— Чуба Угву (@chonsyy) 24 јули, 2014

Истиот став беше пренесен и од @9jaBloke во Лондон: 

Господе, несигурноста е доволно лоша. Доколку се потврдат стравовите од еболата, тоа ќе биде премногу. Ја бараме твојата милост! — Чарлс Првиот (@9jaBloke) 24 јули, 2014

Него во Лагос укажа на ужасниот тајминг на штрајкот на докторите и пристигнувањето на еболата во Нигерија: 

Оваа ебола за Нигерија! Хммммм! E не е смешно, oo, со нашите доктори на штрајк … — Него (@NegoMcjohn1) 25 Јули, 2014

Виолинистот Годвин Стрингс беше загрижен за здравствените импликации за јавноста од жени и деца:

Децата и жените пазарџики се на голем ризик од ова ширење на еболата. Мислам дека кампања за подигање на нивната свест треба да биде приоритет. #ГосподДаНиЕНапомош

— Годвин Стрингс (@GodwinStrings) 25 јули, 2014

Уји Оморхиенрихиен не беше сигурен дека блогерите во државата ќе ги информираат корисниците на интернет за еболата: 

Нашите блогери нема да ги просветлат луѓето за вирусот ебола. Верувајте дека тие ќе бидат првите кои ќе ви пренесат дека Бијонси јадела мои мои [Нигеријски пудинг од варени семиња кој се прави од смеса од измиен и излупен грашок, кромид и мелени пиперки]

— Уји Оморхиенрихиен (@Mr_Endie) 24 јули, 2014

Хенри Окелуе сподели инфографик за проширување на корисни информации за вирусот: 

Смртен случај од вирусот ебола е официјално пријавен во Лагос. Еве што треба да знаете за вирусот.. pic.twitter.com/wbb3B7pT46

— Чибок – 100+ Денови (@4eyedmonk) 25 јули, 2014

@onose10w ги повика сите да внимаваат на хигиенските навики: 

Овој вирус е доста сериозен – ве молам мијте си ги рацете…..превенција е подобро од лекување…….#БидетеБезбедни

— Mz_BONDZ (@onose10w) 25 јули. 2014

@Dimeji_W го сврте тоа на шега: 

Човече не ризикувам со еболава. Ќе влегувам во дискотека како: pic.twitter.com/JJrrljT6El

— Mr. W (@Dimeji_W) 25 јули, 2014

Но, @daveek10 не мислеше дека треба да има шеги за еболата: 

Твитер луѓе: мора ли да направите шега од се? Овие шеги заеболата не се смешни

— Крал Давид (@daveek10) 25 јули, 2014

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.