Според извештаите на Твитер за денешните претседателски избори во Хаити, редиците на гласачките места се долги [1] и гласачите во [2]Lycée Petion [2] и гласачите во [2]Lycée Croix des Bouquets [3] не можеа да си ги најдат своите имиња на избирачките листи, проблем кој беше присутен и на првичните избори, минатиот ноември. Но, многумина шпекулираат и за исходот. Анкетите за испитување на мислењето кои беа спроведени претходните недели покажаа дека забавувачот Мичел Мартели води пред својот ривал Мирланд Манигат, академик и поранешна прва дама.
“Гласачите кои доаѓаат да гласаат во [5]Cite Soleil Lycee [5]се поздравени од #tetkale извици [5],” репортерката на Мајами Хералд, Жаклин Чарлс (Jacqueline Charles [6]) објави на Твитер (“tetkale” е едно од прекарите на Мартели, однесувајќи се на ќелавата глава на кандидатот), а слики објавени на Твитер покажуваа како кандидатот е ентузијастички прифатен од гласачите:
@mhsaintluc: сепак, беше категоричен во неговата поддршка за Манигат, објавувајќи го следново:
Слики од кандидатката [9], како пристигнува на избирачкото место:
Прашање кое е во мислите на многумина е кој кандидат ја има поддршката од контроверзниот поранешен претседател Жан Бертранд Аристид [10], кој се врати во земјата во петокот, шест години откако беше протеран и принуден на бегство. Оваа фотографија од @cliffchevalier предлага дека тоа би можело да биде Манигат.
Што може да има смисла, во светлото на овој банер [11] објавен во Cité Soleil, масивниот сиромашен дел од кои многумина останаа лојални на Аристид. Текстот на замето вели: ,,Мама е веќе тука. Добре дојде, тато!”