- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Италија: Национален регистар за Роми?

Категории: Популарен напис, Западна Европа, Источна и Централна Европа, Италија, Владеење, Дигитален активизам, Етничка припадност и раса, Политика, Човекови права

Кабинетот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони неодамна започна план за спроведување на национално регистрирање на сите Роми во Италија [1] [it], вклучувајќи зимање на отпечатоци од прсти од сите деца. Италија е дом на околу 150 000 Роми и Синти [2] (често нарекувани Цигани [3]), кои живеат во 700 кампови низ земјата. Иако многу од Ромите се родени во Италија, тие се повеќе стануваат жртви на многу покомплицирана миграциска шема.

Се поголемата перцепција на пошироката популација дека „сите Цигани се крадци“, е јавно поддржана од неколку судии и политичари. Според министерот за внатрешни работи и водечка фигура на анти-имиграциската Северна Лига, Роберто Марони, иницијативата за национално регистрирање е потребна за да се „спречи просењето“ и доколку е потребно и да се одземат децата од нивните родители.

Пред неколку денови, Европскиот парламент и наметна на италијанската влада [4] да престане со зимањето отпечатоци од Циганите, нарекувајќи го тоа расистичка дискриминација. Собранието се согласи на резолуција, велејќи дека постапката не била поддржана од расправите за човекови права на Европската унија и инсистира на „еднакво третирање на ЕУ граѓаните со Ромско или Циганско потекло во Италија.“ Марони одговара [5] [it] дека тој бил навреден од обвинувањата за расизам, инсистирајќи дека неговиот план е едноставно да се изведе „севкупен национален попис“ на Ромите, без никаква дискриминација.

Карикатура од Роберто марони

Карикатура од Роберто Марони од Гианфалко.ит [6], објавена под Криејтив комонс лиценца

Јавната дебата која произлезе постојано се вжештува во онлајн просторот во Италија, со многу дискусии фокусирани на заштита на човекови права и етничка дискриминација. На Кебелек [7] [it], многу популарен блог, кој често пишува за теми поврзани со Ромите, Мигел Мартинез пишува:

Лажното афирмирање на сопствената етничка супериорност врз некого и извршувањето на морални гревови врз голема група од луѓе, некако личи на геноцид.
Ова подразбира дека доколку другите се злобни или еден човек од таа група одлучи да биде злобен, дека сите членови од таа група заслужуваат да бидат казнети.
Да се обвини цела група од луѓе е трошење на времето; и во секој случај, ниеден општествен случај од толкав обем може да има етничко решение.

Блог кој се одржува од страна на Културниот институт на Синтите [8] [it] обезбедува детални новости и други ресурси, особено за зимањето на отпечатоци од прсти. Тие објавија и онлајн анкета, во која е поставено прашањето дали Марони треба да даде оставка од кабинетот: досега 77% (262 луѓе) гласале да. Нивната изјава во која повикуваат на отстранување од власт на Марони [9] [it], доби многу коментари, меѓу кои и неколку многу „зажарени“.

Хписп [10] [it] коментираше:

Лично, доколку тие ме прашаа мене да им доставам отпечатоци од прсти и примероци од ДНК за да креираат база за полесно решавање на некои криминални случаи, бидејќи немам ништо да сокријам, не би имал ништо против.

Антоној [11] коментира:

Против сум, поради начинот на кој одлучија за зимањето на отпечатоци од Ромите. Тоа е расистичка и ксенофобична полиса (исто така промовирана од министер од лигата). Доколку има потреба од тотална безбедност, тогаш ајде да земеме отпечатоци од прсти од сите луѓе кои моментално живеат во Италија. Изборот да се направи тоа само за една заедница е ксенофобично и им служи на нашите глупави луѓе за да се ситат без да разберат што всушност се случува во Италија и згора на тоа да прифаќаат се што се кажува на некоја телевизија.

Карло Берини [12] коментира:

Тука имаме вистински проблем, но негирањето на нечии права не е решение, баш спротивното…

За крај, една од многуте иницијативи за поддршка на борбата на Ромите: Имигразион Оги [13], видео веб сајтот на девет јазици за странци во Италија, започна „Кампања против предрасудите кон Ромите“, базирана на видео [14] [it] кое покажува слики од обични Роми на работни места.

[14]

Скриншот од видеото на Имигразион Оги [13]