- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тјуб авантура: Двојазична авантуристичка игра на ЈуТјуб

Категории: Западна Европа, Шпанија, Технологија, Уметност и култура, Филм, Хумор

Популарниот шпански ЈуТјуб канал, Пинофас [1] има креирано нов проект: тој е авантуристичка игра која ги искористува новите можности кои ги имплементираше ЈуТјуб, за тагирање, линкување и коментирање. Играта е наречена Тјуб авантура [2].

Во играта [2], главниот лик го напушта својот дом за да купи леб, но врз главата му паѓа вазна и со тоа добива амнезија: потребна му е ваша помош за да стигне до пекарница, а на патот до неа тој ќе запознава други карактери кои ќе му доделуваат мисии, доколку вие одлучите да ги прифатите. Целта е да се најде пекарницата и да се набави лебот, а дизајнирани се и повеќе завршетоци на играта.

За сега, достапно е аудио само на шпански, но коментарите на видеото ветуваат дека наредната верзија ќе биде комплетно двојазична. Опциите за истражувањето се и на шпански и на англиски. Играта мора да се игра на страницата на ЈуТјуб за да бидат достапни опциите, затоа посетете го овој линк за да ја отворите нивната страница за да ја играте играт [2]а. Од нивниот блог, Кордеро ТВ [3]:

Конечно, по неколку одложувања, ви ја претставуваме Тјуб авантурата. Веќе најавивме на трејлерот дека не е скица, нова серија или нешто слично на тоа… и како што може да видите самите, не е шега. Тоа е првата графичка авантура преку ЈуТјуб.

Следи трејлерот за Тјуб авантура.

За да ја играте играта, кликнете тука [2].