Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Доколку сакате да спиете како бебе, треба да го прочитате ова!

Психологот Јохана Перез Васкез ги проучува интерпретациите на соновите уште од 2001 и го води блогот на шпански El sueño significado (Значење на соништата) за да им помогне на нејзините читатели да ги интерпретираат своите соништа. Во оваа прилика, таа постираше низа совети за поефективно спиење, кое ќе резултира во подобро одмарање за активностите од наредниот ден:

A la voz de refranes como “el tiempo es oro” o “al que madruga Dios lo ayuda” el sueño ha perdido, paulatinamente, importancia al tiempo que se elogia a quienes –con ayudas químicas o sin ellas− duermen poco y trabajan mucho. Estilos de vida en los que el desgaste físico y mental no es seguido por fases de recuperación apropiadas no sólo entorpecen el aprendizaje de la interpretación de sueños sino que deterioran la salud, por eso las recomendaciones que siguen son útiles para dormir mejor y para conocerte más a través de tus sueños.

Од поговорки како „времето е пари“ или „кој рано рани – две среќи граби“, спиењето постепено изгубило на важност додека луѓето кои спијат неколку часа – со или без хемиска помош − и работат многу имаат тендеција да бидат фалени. Животни стилови каде физичко и ментално исцрпување не се проследени со соодветни фази на закрепнување не само што го отежнуваат учењето за интерпретирање на вашите соништа туку го оштетуваат и вашето здравје, затоа овие препораки се корисни за подобар сон и за подобро да се запознаете себеси низ вашите соништа.

Нејзините препораки се корисни за оние кои сакаат да научат интерпретација на соништа и за секој кој е во потрага по подобар сон. Според неа, најдоброто нешто што може да се направи пред легнување е лесна вечера, да се избегнат истоштувачки ноќни активности, топла бања и чист кревет.

За да прочитате повеќе совети за одмарање и спиење, следете ја Јохана на нејзиниот блог и на Твитер.

Овој пост беше дел од деветтиот #LunesDeBlogsGV (Понеделник од блогови на ГВ) на 30 јуни, 2014.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.