Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бангладеш: Известување за земјотрес на Твитер и блогови

На 27 јули, приближно во 00:51 ГМТ +6, градот Дака беше погоден од умерен земјотрес. Расел Џон известува на неговиот блог:

Лежев на креветот и зборував со пријател на телефон, кога одеднаш почувствував дека креветот се тресе. За 3 секунди сопре. Мојата прва реакција беше дека мачката се бутнала под креветот и го тресела, но тогаш сфатив дека тоа е невозможно, бидејќи креветот е премногу тежок. (Плус ја немаше мачката, проверив!)

Набрзина ги прашав моите пријатели на ИРЦ и тие рекоа дека го почувствувале.

Значи, навистина беше земјотрес! Земјотрес во Дака во 00:51.

Расел веднаш напиша на Твитер:

О Боже, само што почувствував земјотрес!

Во наредните неколку минути, започнаа да се појавуваат и други пораки со кои потврдуваа дека и тие почувствувале земјотрес.

Муназ од Nothing to Lose and Nothing to Gain ги сподели пораките на Твитер од некои од неговите пријатели:

Фотографија од твитерот на Муназ

Беше тешко да се дојде до информација онлајн (освен на некои Бангла блогови) и сите се обидува да добијат новости. Затоа Бауани од блогот Информација го контактираше Американскиот национален информативен центар за земјотреси и ги објави наодите:

Јачина: 4.9
Датум/време: Сабота, 26 јули, 2008 во 18:51:49 УТЦ
Локација: 24.773°N, 90.480°E
Длабочина: 5.2 км (3.2 милји)
Регион: Бангладеш

Тој исто така објавуваше новости кога тие ќе беа достапни.

Не беа пријавени жртви, но земјотресот ги потресе луѓето од Дака, густо населен мега-град.

Руми од In The Middle of Nowhere пишува:

Мапа од сите поголеми и помали тектонски плочи

Мапа од сите поголеми и помали тектонски плочи во светот

Доколку може да го лоцирате Бангладеш на карта, ќе видите граници на две плочи т.е. две линии поминуваат низ Бангладеш… Многу научници предупредуваат за можноста од катастрофален земјотрес, со јачина од 8-9 степени според Рихтеровата скала во североисточните и југоисточните делови од Бангладеш.

Значи, постои можност од голем земјотрес и во Бангладеш. Дали сме подготвени?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.