
Владимир Путин на средба со религиски претставници, 9 јули, 2014, Москва, Русија. Кремлински сервис за медиуми, јавно достапно.
Кога се соочуваме со изборот да бидеме тактични или искрени, често тактичноста е пољубезна од двете. Сепак, Владимир Путин, избра искреност отколку тактичност кога на средбата со интернационална делегација на рабини, го нарече Џозеф Гебелс, нацистичкиот министер за пропаганда, „талентиран човек“. Осврнувајќи се кон фалсификувањето на историјата, рускиот претседател рече,
Вы сказали, что нужно быть глупым, чтобы отрицать то, что было. Вы знаете, мне кажется, что нужно быть не просто глупым, нужно быть наглым, чтобы отрицать то, что было. Но, к сожалению, эта наглость так же, как и 70 лет назад, часто достигает своей цели. Ведь Геббельс же говорил: чем невероятнее ложь, тем быстрее в неё поверят. И он добивался своего, он был талантливый человек.
Рековте дека некој треба да биде глупав за да негира што се случи. Знаете, јас мислам дека не само што мора да биде глупав, туку и бесрамник, за да негира што се случи. За несреќа, исто како и пред 70 години, оваа бесрамност често ја постигнува својата цел. После се, Гебелс рекол, „Колку е поневеројатна лагата, толку побрзо луѓето ќе поверуваат во неа.” Тоа успеа; тој беше талентиран човек.
Контекстот на забелешките на Путин е закон инициран и прифатен во мај од заменик во Думата, Ирина Јароваја, кој го направи „оправдувањето на нацизмот“ или „оживувањето на нацизмот“ казниво со пет години затвор или казни кои можат да достигнат и до 15 илјади американски долари. Законот го криминализира секое јавно негирање на факти поставени од Меѓународниот воен трибунал на крајот од Втората светска војна, одобрувањето на нацистичките злодела или ширењето на невистини поврзани со активностите на УССР за време на војната. Јароваја го напиша законот во пресрет на скандалот на ТВ Дожд за анкета во која ги прашуваа гледачите дали Советскиот Сојуз требало да го предаде Ленинград.
Дали Владимир Путин го прекрши законот кога го призна Гебелсовиот „талент“?
Работата е во тоа што, Путин е во право. Гебелс беше талентиран човек. Тој беше одличен во користењето на пропаганда за да убеди милиони Германци да го сакаат Хитлер и да мразат Евреи. Искрено кажано, тој живееше со неговата максима дека колку е поголема лагата, толку повеќе ќе ја поверуваат. Се прашувате каде е контроверзноста. Но, позитивните зборови на Путин кон нацистичкиот министер за пропаганда Гебелс покрај се, предизвикаа мешаница на РуНет.
Путин не смог удержаться и восхитился Геббельсом на встрече с раввинами. “Геббельс был талантливым человеком и всегда добивался своего”.
— Parkering Forbudt (@che1i0s) July 9, 2014
Путин не можеше да се воздржи. Се воодушевуваше на Гебелс на средба со рабини. „Гебелс беше талентиран човек, и секогаш правеше добро“.
Значит, для Путина Геббельс – отличный парень, а фашист и бандеровец – это я и мои единомышленники? Ну ок))
— Дмитрий Семенов (@Shprot89) July 10, 2014
Така значи, за Путин, Гебелс е одличен човек, но фашистите и бандеровци—тоа сум јас и луѓето кои мислат како мене. Во ред, тогаш 🙂
Корисникот на LJ, rovego, мислеше дека коментарите на Путин се невкусни, предлагајќи дека 61 годишниот лидер си ја покажува староста.
Путин, похоже, стареет. Раньше он очень тщательно подбирал слова. Плохой знак.
Се чини дека Путин старее. Порано, ги одбираше неговите зборови прецизно. Лош знак.
Не сите на Твитер се согласуваат дека забелешките на Путин се скандал.
Что все на Путина набросились? Да, Геббельс был талантливым пропагандистом и руководителем. Мерзавец не может быть талантливым?
— Аркадий Чаплыгин (@ArkChaplygin) July 10, 2014
Зошто сите скокаат на Путин? Да, Гебелс беше талентиран лидер и пропагандист. Ѓубрето не може да биде талентирано?
Некои не можеа да се воздржат од користење на изјавата на Путин за воочување на сличностите со нацистичката фигура и руската машина за пропаганда. Споредувајќи го Гебелс со Дмитри Киселев, водечкиот глас на руските современи масовни медиуми, еден корисник на Твитер го кажа ова:
Геббельс талантливей Киселева
— Смирнов (@sssmirnov) July 9, 2014
Гебелс е поталентиран од Киселев.