Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Турски професор по право вели дека транспарентноста не е прифатлива во политиката во Турција

Денес Заман го интервјуираше Иштар Гозајдин, професор по право и политика на Универзитетот Догуш во Истанбул, кој исто така има направено екстензивни истражувања на турските закони, општество, политики, и е еден од основачите на организацијата за човекови права – Хелсиншката граѓанска организација. Во интервјуто, Гозајдин тврди, покрај другите работи, дека граѓаните на Турција имаат недостаток на доверба кон судскиот систем на државата, дека социјалните норми и моралноста се базирани на лични релации и, оттаму, необјективни, но исто и дека транспарентноста едноставно не е поим кој се совпаѓа или е прифатен во турските политики. Искусниот турски професор рече:

Вистина е дека турскиот народ има чувство на моќна држава. Ова се однесува на правната област како и на политичкото учество. Многу години наназад, се посочува кон слабоста на граѓанското општество. […] Во Турција, граѓанското општество се обидува да бенефицира од државата. Постои политичка култура која бара зачувување на предностите отколку креирање на структури одделни од државата. Ова е исто така поради тоа како ја разбираме и дефинираме државата. Постојат два приода за проблемот на државата во литературата: Европскиот систем посочува на државна моќ и јавна моќ и Англо-Американската структура во која се прави договор помеѓу индивидуи и државата. Преминувањето преку идјеата за „моќна држава“ и приодот кон идејата „Јас плаќам данок, и затоа државата треба да биде одговорна за постапките“ не е лесен процес на промена. Се однесува на група од различи фактори, вклучувајќи ја човечката психологија, менталност и моралност.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.