- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Најдоброто од руската веб анимација

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Граѓански медиуми, Уметност и култура, Хумор, Рунет Ехо
Masyanya travels to Budapest. Episode 121. YouTube. [1]

Масјања патува кон Будимпешта. Епизода 121. YouTube.

Кога ќе помислите на Русија, што прво ви паѓа напамет? Можеби вашата глава е преполнета со слики на ракетни научници, значки на КГБ, видка, боршт, Путин и така натаму. Дури и културно наклонетите веројатно е да помислат на балет и литература пред да помислат на руската веб анимација, но токму во последново поле рускиот интернет постигна нешто брилијантно.

Нешто повеќе од декада, Олег Куваев [2] продуцира цртан филм во флеш-анимација наречен „Mасјања [3].“ Веб серијалот е именувам по неговиот главен лик, девојка од Санкт Петерсбург во нејзините рани дваесетти. Панкерка и анархист во нејзината младост, Масјања е мајка на две деца во нејзината зрелост.

Според Куваев [4], првите епизоди од неговиот цртан филм биле замислени како интерна шега помеѓу пријатели. Но, во септември 2002, Леонид Парфенов, популарен телевизиски водител, му пришол на Куваев со предлог да ги емитува епизодите на Масјања на крајот на неговото шоу. Партнерството траеше само една сезона, но изложеноста овозможи создавање на фан група за Масјања.

Тешко е да се објасни огромната популарност на Масјања во Русија. Цртаниот филм е уникатен во многу погледи. Се фокусира на Масјања и нејзините двајца пријатели, Хрундел и Локхмату, и дава несекојдневен поглед на познатите, секојдневни случки. Јазикот кој се зборува во шоуто е досетлив и елоквентен, а анимациите на Куваев имаат импресивна графика.


(Масјања го подготвува утринското кафе.)

Најпривлечно во шоуто е без сомневање главниот лик. Масјања е непоправлив оптимист, склона кон филозофски опсервации во било која ситуација. Оксана Побереинаија, автор за Feminismandreligion.com, вели [5] дека животниот стил на Масјања е сплет од феминизам и будизам. Масјања ги игнорира разните социјални конвенции и наместо тоа ја следи сопствената филозофија. Таа е неконвенционална: свадбата на Масјања е скромна, но таа го прославува нејзиниот развод како да е свадбена церемонија, забавувајќи ги нејзините пријатели до бескрај. Кога парите се при крај, Масјања не ги продава нејзините работи и не бара втора работа — таа инвестира во книжарница во која нема каса, каде сите книги се продаваат по цена која ја одредува купувачот.


(Упс! Уште незгоди на Масјања.) 

Некое време, Масјања имаше цел продукциски тим, со неколку аниматори, но шоуто се врати на своите корени, и сега самиот Куваев пишува, анимира, и обезбедува наратив за сите аспекти. Новите епизоди се појавуваат на официјалниот веб-сајт [6], каде посетителите можат да најдат стрипови, игри и рингтони базирани на шоуто на Масјања.