- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Виралниот Хит на перуанскиот пеjач Писко ги отвори патриотските теми

Категории: Латинска Америка, Перу, Граѓански медиуми, Музика, Спорт
A still from Pisko's Peruano video. (source: Youtube)

Бушавиот Писко во кадар од ‘Перуанец’. Извор: YouTube.

„Боже, инсистирам, те молам дозволи ми да го видам Перу во Русија 2018“, пишуваше на молбата на еден фан на мечот Шпанија-Холандија во Салвадор, Бразил на 13 јуни. Пораката резонираше помеѓу изморените фудбалски навивачи на Перу, заглавени во 32-годишна рутина на Светските Првенства, последен пат видени на истите во 1982.

Но, малкумина би очекувале дека овој фан, Пиеро Кампања, попознат како ‘Писко’ ќе стане новата интернет сензација на оваа земја неколку недели подоцна. Неговиот вирален хит, ‘Перуанец’ — раперски омаж за неговата татковина преку рок гитари — има преку 750.000 прегледи на Јутјуб во една недела заклучно со 8 јули.

Песната собра пофалби за прикажување на перуанските најдобри карактеристики, како што се Nazca Lines [1], Cusco [2], и неговиот инспирирачки повик да се обединат сите Перуанци. „Јас сум Перуанец, јас живеам во Перу. Јас сум Перуанец, живеам како тебе. И со истата маичка со која ти си се родил“, тој извикува во рефренот.

Russia2018

Писко на мечот Шпанија-Холандија, реобјавено од корисникот @terra.pe [3].

Критичарите, сепак, велат дека Писко — кој се претпоставува дека го зема името од најпознатиот пијалок на неговата држава, Писко — е опортунист кој користи патриотски триумфални песни да ја лансира својата музичка кариера. Извиците на градови и чудни зборови на Куечуа, домороден јазик, не го маскираат маркетингшкиот спин пред 193тата прослава на независноста од Шпанците на крајот на јули, додаваат тие. И покрај се, песната започна дебата што значи да се биде Перуанец, со преку 3.000 коментари напишани на страницата каде е прикачено видеото.

Дневниот весник во Лима Ел Комерсио забележува дека бројот на гледања на видеото е „достигнување со кое многу малку перуански уметници може да се пофалат“.

30 милионската андска држава е етнички диверзифицирана, имајќи домородно население во нејзините џунгли и планински региони, до други раси и луѓе со посветол тен од Европско потекло на брегот.

Пораката е одлична, но песната, хммм. Ако значи дека ние повеќе се идентификуваме со Перу, за мене е добредојдена.

Типичен плиток маркетинг.

Видеото е многу добро. Треба да му кажеме на Писко дека Капоерата е од Бразил, а не е традиционален перуански танц.

Кој е овој белец кој пее за Перу и не знае да рапува?

Некои не се толку милосливи кон Писко:

Срамно е што видеото на Писко може да се гледа и во други земји.

Elemental Visual Media, маркетинг агенцијата на Писко, вели „љубовта што [Писко] ја има кон државата не се празни зборови, ниту пак опортунистички говор“.

Без разлика дали е рискатор за себе-промоција или вистински патриот, тренингот на Писко како економист е очигледен во графиконите во видеото за Бруто Домашен Производ и стапки на образование. Колкумина други уметници можат да тврдат дека ги поседуваат овие ингеренции?