Обединети нации: Видео натпревар на тема миграција за сите од 9-25 години

Сојузот на цивилизации на Обединетите нации го организира Plural+ видео натпреваруварот за градење по инклузивно, толерантно општество. Натпреварот е отворен за сите учесници на возраст од 9 до 25 пред 30 септември. Она што треба да го направите е да продуцирате видео со должина од 1 до 5 минути вклучувајќи ги и насловите и заслугите,  за миграцијата, различноста и толеранцијата и други слични теми. Правилата за Plural+ натпреварот може да се најдат на нивната веб страна исе достапни на англиски, шпански, француски и арапски јазик.

film team by extranoise http://www.flickr.com/photos/extranoise/155085339/

филмски тим од extranoise http://www.flickr.com/photos/extranoise/155085339/

Ви ja презентираме поканaта на нивниот сајт:

Препознавајќи ги младите како моќни двигатели на социјалните промени во светот кои често ги карактеризира нетолеранцијата и културната и религиозната поделба, PLURAL+ цели кон инволвирање на младите во потенцирање на клучните прашања во нивната заедница поврзани го интеграцијата на мигрантите, инклузивноста, идентитетот, различноста, човековите права и социјалната кохезија. Практичниот придонес на младите луѓе – без разлика дали се имигранти, втора генерација имигранти или не се имигранти може да дојде не само со идентификување на пречките туку и преку промовирање на клима на почит едни за други, помагајќи да се постави патот кон подобар свет.

Видеата не мора да се направени ексклузивно за овој натпревар, но мора да се завршени после јануари 2008. Разликата помеѓу овој натпревар и претходните кои ги имаме спомнато на Глобал војсес  е дека апликацијата не е преку онлајн алатките, туку треба да се испрати ДВД во канцелариите на Сојузот за цивилизации на Обединетите нации во Њујорк. Пријавите се примаат до 30 септември.

Значи, искористете ја шансата и ако спаѓате во дадената возрасна група за овој натпревар или ако познавате некој што припаѓа, кажете им да учествуваат. Ако учествуваат и ако го поставите видеото онлајн известете не и ставете го линкот во коментарите. Не заборавете да ги прочитате најчесто поставуваните прашања, правилата и правилникот и другите важни информации за натпреварот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.