СИДА: Повик за видеа од XVII Интернационална конференција

Лого за заштита од СИДАXVII интернационална конференција за СИДА ќе се одржи во Мексико Сити помеѓу 3 и 8 август, а THE HUB од Witness има серија од видеа поставени од членови на заедници и организации, кои ги прикажуваат различните пристапи кон темите поврзани со ХИВ/СИДА. Иницијативата е да се креира складиште од работата, фотографиите и видеата со цел тие да се споделуваат пред, после и за време на конференцијата. Видеата кои се веќе онлајн на страницата за специјално покривање на конференцијата за СИДА од страна на THE HUB, содржат изјави од Индија, Демократската република Конго и Малави.

Живот во фокус“, веб сајт за живот со ХИВ/СИДА во Индија ни го прикажува Медицинското Чудо, видео интервју со млада девојка која живее со ХИВ во засолниште. За ова дете, примањето на анти-ретровирусни лекови и овозможува да напредува над очекувањата, побивајќи ги очекувањата за краток живот, кои порано беа норма за децата со ХИВ/СИДА. Во 4 минутното видео, 12 годишната Депти ја пее својата омилена песна и раскажува за нејзиниот живот во засолништето.

Од Демократската република Конго, организацијата Аџеди-ка ги поттикнува гледачите на акција преку видео наречено Очекувајќи го утрешниот ден, каде 25 годишниот Џин-Џекс зборува за моменталната состојба во источен Конго, каде владата не овозможува економска помош за набавка на лекови со што се намалуваат можностите за подолг живот на заболените од ХИВ/СИДА + популацијата, а владата исто така ги игнорира и барањата за центри за тестирање и лекување.

Групата за поддршка за заболени од СИДА, Тиџезеран, во Малави има креирано видео во кое учесниците говорат за нивните искуства во групата, нивните дневни активности и како групата ги има подобрено нивните животи. На видеото се прикажани и поддршка за болните членови од групата, работилниците каде тие учат за подобри фармерски техники со цел да имаат свеж зеленчук за јадење и продавање и влијанието на групата врз животот на оние во брак.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.