На сите ни е познат „бранот“ за време на спортските настани. Станувате и седнувате, следејќи ги луѓето пред или после вас или од лево или десно. Сега во Кореја е популарен „блог бранот“. Блогер ја предложи идејата и го започна „блогерскиот бран“. Овој пат, блогерот ја започна реченицата „За мене, блог е _______“ и ја префрли на следниот блогер. Што мислат луѓето за блоговите?
За мене, блогот е „лабораторија“.
На почеток, мислев дека блогот се начин за маркетинг. Причината поради која започнав блог е маркетинг. Најискрено, бев малку конзервативен во поглед на вебот. Во тоа време, ми се допаѓаа индивидуални лични страници и всушност бев загрижен за брзото ширење на индивидуалните медиуми – бев загрижен за децентрализацијата на информациите. Бев загрижен дека ќе се користи на погрешен начин. Но сега, не се грижам повеќе. Постојано креираме добри сервиси низ постојано експериментирање и предизвици. И ќе продолжиме да го правиме ова. Затоа, јас сакав да експериментирам на мој сопствен блог и сакав да бидам оној кој ќе направи нешто добро на веб. Мојот блог ќе биде лабораторија за нешто што можам да направам подоцна. Дали блоговите може да ги апсорбираат сервисите за социјални мрежи? Дали блоговите може да создадат корени како медиум? Дали блоговите можат да бидат солиден бизнис модел?
За другите како и за мене, овој блог е лабораторија и има многу луѓе кои помагаат во моето истражување. Сите блогери се истражувачи.
За мене, блог е „облека со перфектна големина“.
Така беше уште од почетокот. Тоа е како алатка која си има сите работи кои ми се потребни. Тоа е сон кој го сонував некое време и е најдобрата алатка. Кога дознав дека Навер креираше сервис, веднаш започнав мој блог. Понекогаш, тоа е дневник во кој можам да го отворам моето срце. Понекогаш, тоа е писмо во кое можам да ја покажам мојата благодарност и моите поздрави до другите. Тоа е клуб низ кој можам да ја претставам музиката која ми се допаѓа.
Еден факт кој нема да се промени е тоа што кога го користам мојот блог, се чувствувам толку пријатно како кога носам перфектно прикладена облека. […]
За мене, блог е „животен партнер“.
[…] Изгледа како интернетот да е за младата генерација, тинејџерите и оние во дваесеттите години од животот. Меѓутоа, најактивните блогери вообичаено се во нивните триесетти или четириесетти. Тинејџерите се зафатени со студиите, а оние во дваесеттите се зафатени со состанување. Зошто тогаш оние во триесеттите и четириесеттите години од животот се толку луди по блогот? Ќе зборувам на база на моето мислење. Ние ги имаме преживеано хаотичните 70тите и 80тите, после тешките финансиски времиња во 60тите. Пред да препознаеме што е важно во нашите животи, бевме втурнати во општеството и веќе бевме до доцните триесетти или раните четириесетти години. И гледаме назад кон нашите животи. Гледањето во минатото и желбата самите да ги создадеме нашите животи, ги прави блоговите најдобра алатка за тоа. Може да креираме сопствено место и лесно да се поврземе со други. Можам да го споделам моето мислење и да научам што мислат другите. Со тоа, градиме важни мрежи во нашите животи. Каде може да најдеме подобра алатка од оваа? […]
За мене, блог е „дневник“. Кога јас започнав блог, запишував некои работи од мојот секојдневен живот и информации кои ми требаа. Но сега е складиште каде се е комбинирано.
За мене, блог е „слобода“. Слобода на изразување, мислење, па дури слобода и од самиот себе.
За мене, блог е „состанок“.
Што е значењето на блогот? Кога го започнав мојот блог во 2006, беше како „работа“. Откако ќе поминеа една или две недели од последниот пост, блогот ми беше како „оптоварување“. Понекогаш, ги насмејував посетителите со моите постови. Иако јас не бев таму, блогот беше „врска“ која не поврзува. Тоа е пријател кој ги слуша моите досадни приказни. Секако, има и функција на маркетинг сајт на кој можам да се фалам дека она што го правам е многу важно. […] Претходно, она што го ставав во моите постови значеше префрлување на моите писма на празен монитор. Сега зборувам со оној кој ќе го чита овој блог. Преку блоговите, ние ги споделуваме нашите срца и запознаваме луѓе. […]
За мене, блог е „забелешки од факултет“.
Мислам на забелешките од факултет кои ги фаќав, запишувајќи што зборуваа професорите. Со надеж дека тие текстови ќе се најдат во тестовите на средина или на крај на семестарот, запишував се што можев. Поминаа само две години од дипломирање, но тие исчезнаа. Мојата меморија избледува. Не се сеќавам колку забелешки имав и која е содржината која ја запишував. Започнав мој сопствен блог кога дознав за Вики, летото во 2000. […] На мојот блог ги запишувам моите соништа и знаењето кое го добивам од реалниот живот и тој претставува бележник на 28годишен маж. Не мора да ги барам после 2 или 3 години и не мора да се обидувам да ги оживувам моите сеќавања.