- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Технологија за транспарентност: Конечен извештај

Категории: Латинска Америка, Аргентина, Бангладеш, Бразил, Бурунди, Венецуела, Гана, Гватемала, Зимбабве, Израел, Индија, Индонезија, Источен Тимор, Јордан, Камбоџа, Кенија, Кина, Киргистан, Колумбија, Костарика, Кувајт, Либан, Либерија, Малезија, Мароко, Мексико, Панама, Парагвај, Перу, Полска, Порторико, Република Чешка, Руанда, Русија, Сингапур, Словачка, Судан, Тајланд, Танзанија, Тунис, Уганда, Украина, Унгарија, Филипини, Хонгконг, Хрватска, Чиле, Шри Ланка, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Технологија, Мрежа „Технологија за транспарентност“

Мрежата Технологија за транспарентност [1] со гордост го објавува конечниот извештај, Глобално мапирање на технологијата за транспарентност и отчетност [2].

Извештајот е издаден од Иницијативата за транспарентност и отчетност [3],(@TAInitiative [4]), заедно со преку десетина други извештаи за глобалното движење за транспарентност. Извештајот се фокусира на три клучни области на истражување: Влијание и учење [5], Нови технологии [6] и Политика на иновации [7].

Голема благодарност до Иницијативата за транспарентност и отчетност за поддршката на нашето работење, до нашиот прекрасен тим на истражувачи [8], и до Давид Сасаки, кој ја лансираше и управуваше [9] почетната фаза на мрежата Технологија за транспарентност, која ја постави основата за овој извештај.

За извештајот

[2]

Кратка содржина

Извештајот содржи клучни наоди од над 100 прегледани проекти и од интервјуата на десетици практиканти во Централна и Источна Европа, Источна Азија, Латинска Америка, Средниот Исток и Северна Африка, Јужна Азија, Југоисточна Азија, земјите од поранешниот Советски сојуз и Супсахарска Африка, кои употребуваат нови технологии како средство за зголемување на транспарентноста и отчетноста. Ова резиме помага да се „опипа пулсот” на технологијата за транспарентност и отчетност и предлага постоечки можности за мерење на влијанието како и на важните ограничувања и предизвици.

За практикантите во рамките на транспарентноста и отчетноста, корисно е да се одреди поле за потенцијалот на проширувањето на технологијата кон иницијативите на транспарентност и отчетност на најмалку 4 начини:

Дополнителни наоди

Најголем дел од проектите кои ги проучувавме се фокусираат на извршните [11] или правните [12] гранки на владата [13]. Помал број проекти се фокусираат на судската гранка [14], медиумите [15], приватниот сектор [16] и донаторите [17].

Речиси половина од проектите се фокусираат на набљудување на изборите [18]. Додека многу од нив употребуваат Ushahidi [19], некои имаат развиено сопствени пристапи, вклучувајќи прибирање на вести за изборите од повеќе извори  на единствен сајт и следење на извештаи на официјалните надгледувачи на изборите на  Google Maps [20].

Проектите во повеќе региони се фокусираат на транспарентност во законодавството [12], често следејќи ги законските сметки и поставувајќи профили за секој претставник кои вклучуваат биографии и гласачки записи. Некои вклучуваат и профили на политички партии или записи од законско трошење.

Визуализацијата на податоците и навигациските алатки се клучната карактеристика во повеќе од половина проекти кои што ги документиравме, бидејќи претставуваат различни форми на собирање податоци [21] од граѓаните. Приближно една третина од проектите користат мобилни телефони [22] на некој начин, најчесто дозволувајќи им на граѓаните да испратат или примат информација преку текстуална порака.

Што е следно?

Веб сајтот на Мрежата за технологија за транспарентност [1] ќе остане отворен како место каде може да споделуваме проекти, алатки и идеи, како место за средба на успешни иницијативи и на оние кои сакаат да научат од работата на другите. Може да се пријавите на нашата листа за електронска пошта [23], да читате или придонесувате со специјализирани статии [24] на Глобал Војсис онлајн и да не следите на Твитер (@techtransparent [25]) и Фејсбук (Facebook [26]). Оваа област само што почнува да се истакнува и со нетрпение очекуваме да помогнеме во поттикнување на глобалните напори преку соработка и комуникација преку границите.