- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кувајт: Заљубена во Осама Бин Ладен

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Кувајт, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Хумор

Овој текст е извадок од нашата посебна репортажа Смртта на Осама  Бин Ладен [1].

Па, што е потребно за една жена да се заљуби во некој како лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен? Очигледно, долга брада, призна кувајтската новинарка Кулод Ал – Камис, која ги стаписа читателите со љубовното писмо напишано за главниот ум на тероризмот, кој беше убиен оваа недела, од САД, во Аботабад, Пакистан.

Во нејзиното писмо, во нејзина колумна во кувајтскиот арапски дневен весник Ал-Ќабас [2], Ал-Камис го опишува Бин Ладен како човекот од нејзините соништа, опишувајќи како би сакала да оди со него во неговата пештера, да му ја мие брадата и да стане една од неговите сопруги. Таа ја завршува својата статија со ветување дека ќе чека во рајот за да ги продолжи нејзините приказни за Шехерезада [3].

Колумнистката, која случајно е писателка на кратки приказни [4], има корисничка сметка на Твитер [5]. Нејзината статија потресе многу читатели. На Твитер, Ал-Камис прими многу саркастични забелешки, вклучувајќи ја и таа од Ајман Завахари, корисничка сметка која е пародија на вториот човек на Ал Каеда, кој ја праша [6] едноставно кратко прашање:

شدعوه خلود مالنا رب يعني؟

Еј, Кулод, што велиш за мене?

Садам Хусеин, друга лажна корисничка сметка, се придружува [7]:

خاتون خلود خميس ، مو آني هم مجرم وچتلت بشر أكثر من أسامه .. ليش ماتفكرين بيا ؟!

Госпоѓо Кулод Камис, и јас сум криминалец кој убил повеќе луѓе отколку што има убиено Осама, зошто не ме земеш предвид мене?

Јахија Талеб Али, млада кувајтска писателка, напиша друга саркастична забелешка, велејќи [8]:

ميخالف شباب، الأخت عبرت عن رأيها وإعجابها بأسامة بن لادن وتبي تمشط لحيته. هذا رأي والتعبير عنه حق مكفول. أنا عن نفسي أبي أمشط شنب نيتشه

Ајде луѓе, таа го изразува нејзиното мислење и симпатии за Осама Бин Ладен; сака да ја исчешла неговата брада. Тоа е нејзино мислење и има целосно право да го изрази. Јас лично, би сакала да ги исчешлам мустаќите на Ниче.

Друг корисник на Твитер, кој тврди дека е претседател на кувајтската област на високата класа, Шуваик, напишал различни коментари во врска со статијата на Ал-Камис, вклучувајќи го и овој [9]:

بعد مقالة خلود الخميس..ڤيكتوريا سيكريتس تطرح تصاميم جديدة بعنوان( آآآآه فجرني)عبارة عن لنجيري مفخخ بالديناميت للإغراء الإرهابي

По неодамнешниот напис на Кулод Ал-Камис, Викторија Сикрет ќе лансира колекција насловена „о, бомбардирај ме“, којашто ќе се состои од долна облека обложена со терористички заводлив динамит.

Друга корисничка на Твитер од Кувајт, Гадори, не се двоуми да ја исмее Ал-Камис, но овој пат [10] на англиски:

#kholoudalkhamees („Бидејќи ти си изрод, бејби“) Сакаш лоша романса со ОБЛ јас имам целосно нова преспектива за песната на Лејди Гага

Molten86 пишува [11] со сериозен тон:

#kholoudalkhamees تبي تشتهر ! بسرعة ! أمدح ظالم إرهابي .. مبروك انت نجم لامع الآن

Таа сака брза слава. Пофалби за терористички тиранин! Честитки, сега си ѕвезда.

Салман Ал-Наќи, исто така, се справува со статијата на Ал-Камис на сериозен начин, велејќи [12]:

أحذروا السلفية الجديدة التي تطل علينا برجال حليقي اللحية و نساء سافرات الوجه.. و لنا في الكاتبين بدر البحر و خلود الخميس خير برهان ! #kuwait

Бидете внимателни за новиот салафизам што доаѓа кон нас со мажи без брада и жени без превез. Писателите Бадер Ал-Бахар и Кулод Ал-Камис се добри примери.