Ерменија: Блогери поканети на претседателска прес-конференција

На 21 јули на прес-конференција одржана во претседателската палата по повод 100тиот ден од претседателскиот мандат, покрај 38 новинари беа поканети и двајца блогери. Дозволувајќи им да постават по едно прашање, блогерите беа третирани рамноправно со новинарите. Всушност, со тоа што некои про-опозициски медиуми не беа поканети, овие блогери може да се сметаат за „дури поважни“, со оглед на тоа што најтиражниот дневен весник во Ерменија има околу 10 000 копии. Претседателот е решен да ги третира блоговите како сериозен медиум.

Мора да се каже дека знаци за ова имаше уште од претходно, со оглед на тоа што Сержик Саркисјан имаше блог уште пред да биде прогласен за нов претседател во април. Блогот имаше неколку илјадници прашања од читателите за несигурната политичка ситуација по оспорените претседателски избори, кои се одржаа во февруари, и насилничките судири помеѓу поддржувачите на радикалната опозиција и полицијата во Ереван на 1 март. Иницирано од Аканаматата_Сер [Ru], кој се сетил дека Саркисјан има ветено дека на 100тиот ден од неговото претседавање ќе одговори на прашања од блогерите, собрани се околу 50 прашања.

Блогерот известува за историскиот настан:

Искочи дека луѓето од владата всушност не почитуваат, па дури и не следат. Денес аканаматата_сер и пигх беа поканети во претседателската палата!!!! Искочи дека тоа што ние се сетивме и не го заборавивме ветувањето за блогерите, не му избегало на окото на „големиот брат“.

Во овој интересен напис, РиалЕрменија го поздравува присуството на ерменските блогери на прес-конференцијата, наведувајќи дека „Ерменија сега станува една од ретките земји каде блогерите ќе бидат еднакви на новинарите.“ и им честита на Сергеј Чаманјан (аканаматата_сер) и Тигран Кочарјан (пигх).

Меѓутоа не сите блогери добро ја примија веста и имаше многу критики во ерменската блогосфера. На пример, про-опозицискиот блогер Назариан, забележа дека „Поканетите беа блогери на палатата, кои работат за нејзиниот режим. Прашањата што тие ги поставија очигледно е дека беа про-режимски…Анзип се прашуваше дали „вистинските намери позади неодамнешните средби на претседателскиот персонал со неколку про-владини блогери е да се дискредитираат блоговите/блогирањето во очите на јавноста, уште од почетокот, без да се дозволи нивен понатамошен развој.

Туманјан [Ru] ги гледа работите посатирично и гледа 70 години во иднината со кратка приказна, која се заснова на „1984“ од Орвел.

Новинарот, ветеран, Марк Григоријан [Ru] иницираше потеоретска дискусија за прифаќањето на поканата на блогерите, непрофесионални новинари на пред-конференција, дури и ако неговиот аргумент подразбира дека новинарите во земјата имаат одредено ниво на професионализам. Грегоријан шпекулира дека иако поканетите блогери имаат скоро исто читатели како и некои весници, тие не треба да се сметаат за претставници на масовните медиуми.

Блогот не се обновува секојдневно (еден ден блогот може да има неколку постови, а друг ниту еден), блогерите не мора да бидат автори на информацијата објавена на нивниот блог и блогот не мора секогаш да содржи информација – знаеме дека некои постови содржат само фотографии или линкови до музичко видео од ЈуТјуб итн.

Затоа блогирањето побарува други вештини, од оние потребно за работа во масовните медиуми. Тоа беше перфектно илустрирано на прес-конференцијата на ерменскиот претседател.

Поранешниот новинар и експерт по медиуми Огостос [Ru] исто така не беше импресиониран.

Нема логика во појавувањето на блогерите на претседателската прес-конференција […]. Ако претседателските вработени ги третираат блогерите како целосно оформени играчи во информациското поле и сакаат да ја демонстрираат својата „транспарентност“ со поканување на блогерите, тие треба да бидат свесни дека оваа „транспарентност“ е комплетно непостоечка поради отсуството на про-опозициските новинари – кои несомнено се целосно оформени играчи. Доколку претседателските експерти за извртување на работите ги гледаат блогерите како граѓанско општество, тие треба да поканат и други членови на општеството и да ја наречат јавна расправа или нешто друго, наместо да ја нарекуваат прес-конференција.

Како одговор на низата критики, еден од поканетите блогери на прес-конференцијата, Пигх [Ru] – дава неколку валидни гледишта во негова одбрана, велејќи дека тој не ги почитува повеќето новинари поради нивната „невнимателност, непрофесионалност и корумпираност“. Тој ја прикажа сликата на искусните блогери кои немаат уредници да ги успоруваат или да спречуваат некои информации да се објават.

Блогерот вели дека неговата мотивација за присуство на прес-конференцијата била да го промовира блогирањето и блогосферата и верува дека неговите намери биле постигнати. „Полека, луѓе“, тој ги кажува неговите критики, сумирајќи ги постигнувањата на настанот.

Драги блогери. Толку е кул што ние, од опозиција или не, стапнавме на полето на новинарите со нашите блогови. Па дури и со нашиот професионализам. Лично јас сум поласкан да видам дека бројот на читатели на мојот блог го надминува бројот на 90 проценти од печатените ерменски весници. Одлично е да можеш да пристапиш блог, да видиш пост и да ги искажеш своите ставови (наместо да одиш во суд и да бараш побивање во весниците). […] Виртуелната реалност полека, но сигурно навлегува во полето на печатените медиуми. Прогрес, полека но сигурно продира и тука.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.