Русија: Каналот „2×2“ ја цензурирал епизодата на South Park со Путин

Неодамнешната одлука на рускиот телевизиски канал „2×2“ да исече сцена од епизодата на американската цртана серија „South Park“ предизвика лутина кај руската блогосфера. Епизодата Free Willzyx (Ослободете го Вилзиак), која веќе се емитуваше, го исмејува Владимир Путин и го прикажува како алчен и очаен диктатор. Кога Кајл, еден од карактерите, му се јавува да го праша дали ќе го пренесе на месечината, Путин мисли дека телефонскиот повик е шега од страна на Америка и извикува „Баци ми го газот Џорџ Буш, ова не е смешно“ и ја спушта слушалката.

Како што корисникот dark_lawyer на ЛЏ коментира [руски], телевизискиот канал има историја на цензура:

Телевизискиот канал „2×2“ веќе подолго време ги цензурира цртаните со сечење на сцени каде има насилство, алкохол и консумирање на дрога, и сцени каде се исмејуваат чувствата на различни социјални и религиски групи. Секако ова е направено на груб начин, но до одредена мерка сите може да разберат зошто каналот го прави тоа. […]

Меѓутоа, постојат неколку нејасни работи околу тоа далу одлуката да се цензурира епизодата, која оригинално се емитуваше во САД во 2005 кога Путин сè уште беше претседател, е направена од регулаторите или од раководителите на „2×2“.

Dark_lawyer е скептичен дека повисоки сили имале влијание на одлуката:

[…] Но нели искочи дека тие исекле и дел од епизода каде се појавува гласот на Путин и тоа е многу интересно. И поради било која причина јас сум многу убеден дека тие не издејствувале поради некои така наречени „инструкции од горе“, туку го направиле тоа од нивна волја. […]

Корисникот на ЛЏ, samoleg, a.к.a Олег Куваев – креатор на популарниот цртан Masyanya (Масјања) – се согласува и го пишува следново [руски] на неговиот друг блог, кој е посветен скоро исклучиво на анимација:

[…] Изгледа дека не е случај на „инструкции од горе“ туку делување „во случај на вонредна ситуација“. Во принцип може да ги сфатиме нивните мотиви бидејќи е некој тип на вандализам, но каналот „2×2“ отсекогаш имал проблеми со South Park. Во Русија ваквиот тип на сатира е секогаш опасен. Според мое мислење, во ерата на интернетот е глупаво да цензурираш работи како ова бидејќи има обратен ефект со привлекување на што повеќе внимание на таа сцена. […]

Корисникот на ЛЏ, alex_kainit објаснува [руски] дека „2×2“ во минатото не бил заплашуван дури и од критиките од религиозните кругови:

[…] Блогосферата, во своите обиди да ја поправи политиката за емитување на каналот, мисли дека регулаторите отишле еден чекор предалеку.

Ние разбираме дека каналот во својата историја на емитување „цртани филмови за возрасни“ се соочил со критицизам за ширење на насилство, екстремизам и педофилија. Најголемиот скандал на „2×2“ беше во март 2008: водечките протестантски цркви во Русија бараа каналот, кој тие го сметаа дека шири „пропаганда за многу зла“, треба да биде затворен.

Во септември таа година, Башманју судот издаде предупредување, кое се појави меѓу знаците за екстремизам во епизодите на South Park. Тие се надеваа дека предупредувањето ќе биде доволно за да се пречи каналот да ја обнови својата дозвола за емитување. Скандалот предизвика масивни демонстрации од поддржувачите на каналот во Москва и Санкт Петербург, каде тие собраа 50 000 потписи. Меѓутоа на 17 октомври 2008, каналот „2×2“ ја обнови својата лиценца за наредните 5 години.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.