- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Порторико: Блогер открива реклама која доведува до заблуда

Категории: Латинска Америка, Северна Америка, Порторико, САД, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство

Во неодамнешна реклама на Фиат, порториканската пејачка и актерка, Џенифер Лопез, вози бел Fiat 500c низ улиците на Бронкс, Њујорк каде што таа е родена. Лопез зборува за тоа дека израснала таму и како соседството ја инспирира.

Видеото беше поставено на официјалната страница на Fiat на Јутјуб, но потоа тргнато.

Порториканскиот блогер Ед Моралес од edmorales.net [1] по некоја случајност живее во истото соседство. Тој присуствувал на снимањето на рекламата и тогаш се запрашал која славна личност ќе ја глуми дублерката. Тој за ова пишува во својата статија ‘Jenny Absent From My Block [1]‘ (Џени ја нема во мојот кварт) [англиски]:

… и покрај фактот што таа е во главната улога, жената во колата беше толку безлична поради што помислив дека таа е дублерка. Но чија?

Ед дури и направил фотографии од снимањето при кое, во еден момент, настанал дефект кај колата. Откако ја видел рекламата на телевизија и сфатил дека присуствувал на снимањето на истата, го објавил својот пост укажувајќи на фактот дека Лопез не ни учествувала во снимањето. Неговиот пост беше споменат и во Њујорк Тајмс [2] [en], а сликите беа преземени и од веб-сајтот The Smoking Gun [3].

Broken down Fiat being repaired with body double for Jennifer Lopez at the driving wheel. (Photo by Ed Morales) [4]

Поправањето на расипаниот фиат зад чиј волан седи дублерката на Џенифер Лопез (Фото: Ед Моралес)

Порториканскиот веб-сајт Noticel [5] извести за статијата на Моралес и тврди дека Фиат бил принуден да признае дека била користена дублерка со цел да излезе во пресрет на Лопез и нејзиниот распоред.