Порторико: Блогер открива реклама која доведува до заблуда

Во неодамнешна реклама на Фиат, порториканската пејачка и актерка, Џенифер Лопез, вози бел Fiat 500c низ улиците на Бронкс, Њујорк каде што таа е родена. Лопез зборува за тоа дека израснала таму и како соседството ја инспирира.

Видеото беше поставено на официјалната страница на Fiat на Јутјуб, но потоа тргнато.

Порториканскиот блогер Ед Моралес од edmorales.net по некоја случајност живее во истото соседство. Тој присуствувал на снимањето на рекламата и тогаш се запрашал која славна личност ќе ја глуми дублерката. Тој за ова пишува во својата статија ‘Jenny Absent From My Block‘ (Џени ја нема во мојот кварт) [англиски]:

… и покрај фактот што таа е во главната улога, жената во колата беше толку безлична поради што помислив дека таа е дублерка. Но чија?

Ед дури и направил фотографии од снимањето при кое, во еден момент, настанал дефект кај колата. Откако ја видел рекламата на телевизија и сфатил дека присуствувал на снимањето на истата, го објавил својот пост укажувајќи на фактот дека Лопез не ни учествувала во снимањето. Неговиот пост беше споменат и во Њујорк Тајмс [en], а сликите беа преземени и од веб-сајтот The Smoking Gun.

Broken down Fiat being repaired with body double for Jennifer Lopez at the driving wheel. (Photo by Ed Morales)

Поправањето на расипаниот фиат зад чиј волан седи дублерката на Џенифер Лопез (Фото: Ед Моралес)

Порториканскиот веб-сајт Noticel извести за статијата на Моралес и тврди дека Фиат бил принуден да признае дека била користена дублерка со цел да излезе во пресрет на Лопез и нејзиниот распоред.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.