65-годишен човек поседувал колекција на повеќе од милион стари играчки, најголем дел од кои биле произведени во Мексико. Мексиканскиот архитект Роберт Шимицу одлучил, заедно со својот син, да ја претвори нивната куќа во музеј за играчки. Нивното документарно видео со наслов Мексиканска приказна за играчки раскажува за тоа како настанала идејата и како тие веруваат дека преку играчките, Мексико може да се врати на вистинскиот пат.
Музејот на антички играчки организирал неколку настани со цел да ги зближи колекционерите и да го обнови интересот за производите од домашно производство, како на пример играчките. Работилница за дизајн и изработка на играчки ќе биде одржана во мај, а најдобрата играчка ќе стане дел од трајната поставка во музејот.
Во описто на повеќето видеа на ЈуТјуб каналот на музејот е објаснета нивната цел:
El Museo del Juguete Antiguo México pretende ser un museo honesto para todas las edades sin importar el nivel socioeconómico, sin pretensiones, brindando al visitante no sólo un sitio de aprendizaje y relaciones sino también de confort, en donde se beneficiará a la sociedad mexicna [sic], a través del fomento de la cultura popular, para lograr así un refuerzo en la identidad nacional y en los lazos entre mexicanos, una mayor comunicación de nuestro pasado, presente para así cambiar el futuro de nuestro país.
Музејот на антички играчки во Мексико се стреми да прерасне во вистински музеј за сите возрасти каде не е важна социо – економската положба, да стане скромно место кое на посетителите нема да им понуди само учење и дружење, туку и пријатно место кое ќе му служи на мексиканското општество за промоција на популарната култура, како и за зајакнување на националниот идентитет и на односите помеѓу Мексиканците, една поголема комуникација помеѓу нашето минато и сегашноста, со цел да се измени иднината на нашата земја.
Пример за тоа како музејот ја промовира популарната култура е видеото од изложбата на Луча Либре која беше приредена во музејот по повод тригодишнината од своето постоење.