Русија: Блогерот Дмитри Шипилов осуден за „навредување на функционер“

На 3-ти април 2012, судот во Кемерово го осуди блогерот Дмитри Шипилов како последица на прекршување на Член 319 [англиски] од Кривичниот законик, поради „јавна навреда на функционер“. Како резултат на тоа тој беше осуден на единаесет месеци општокорисна комунална служба, како и со одземање на десет проценти од неговите приходи, кои ќе се влеат во државната каса. Прекршокот на Шипилов беше авторството на две блог статии во ноември 2011-та година, кои го исмеваа регионалниот гувернер Аман Тулејев, како и членовите на неговиот персонал и тоа често користејќи сликовит јазик.

Првата блог статија [руски] го критикуваше Тулејев за пронаталитетската иницијатива [руски] со која се доделуваат по 30,000 рубљи (околу 1,000 долари) на оние парови кои се согласиле да ги озаконат нивните бракови на 11-ти ноември 2011-та година („11/11/11“). Шипилов проценил дека проектот чинел околу 15 милиони рубљи – еден помалку од шеснаесетте милиони кои Владата ги беше собрала за болните деца во октомврискиот настан за собирање средства [руски] којшто вклучувал и посети на веројатно добро платени филмски ѕвезди како Софија Лорен. Шипилов напиша:

Произлегува дека администрацијата на областа Кемерово нема пари за болни деца, но има пари за да ги поддржи нововенчаните брачни парови кои што се опседнати со бројки!

Шипилов исто така ја посочи директорката на регионалниот Оддел за култура и малцинска политика, Лариса Зауервајн [руски], нагласувајќи ја нејзината улога во неодамнешнато создавање на исмеаниот „Ден на одвратниот снежен човек“ [руски] (или „Денот на Јети“), како и нејзиниот удел во локалниот рок концерт на легендарните Mashina Vremeni („Временска машина“), кој предизвика гласно исвиркување од публиката кога фановите беа информирани дека настанот е спонзориран од страна на политичката партија Обединета Русија. Откако видеа [руски] од исвиркувањето се проширија како зараза на Јутјуб, водечкиот вокал на Mashina Vremeni – Андреј Макаревич, објасни дека бендот се согласил да прими почесна награда од гувернерот, но не се согласил да даде политичка поддршка . (На блог статија објавена на Snob.ru, рок ѕвездата ги опиша тактиките на персоналот на Тулејев како „манипулирање без дозвола.“) За возврат, Зауервајн ја обвини групата за политичко „провоцирање.“

Веднаш до сликата на Зауервајн објавена на неговиот блог, Шипилов напиша:

Ова е Лариса Зауервајн, невина дама од Одделот за култура и етничка [читај] омраза. Бидејќи директорката на оваа највозвишена агенција не можеше да стане проректор на Кемеровскиот Универзитет за култура и уметности, таа реши да се надмине себеси и така: таа го отстрани Василиј „ќе ти го изонадам за 8 илјадарки месечно и гајба водка“ Жопка од уредничкиот борд на дневниот весник ‘Pust’ govoriat’ ‘(„Нека зборуваат“) „Огновите на Кузбас“ (браво за тоа), па трчкаше околу планината Шорија барајќи женски Јети кои ќе родат одвратни снежни луѓе и на крај ги награди музичарите од „Mashina Vremeni“ со незаборавен кур по чело (што за само неколку дена предизвика џагор низ целата блогосфера околу тоа како „Јетидинета Русија“ проба да се кити со туѓите перја на тој така познат бенд).

На крај Шипилов се осврна на Елена Руднева, заменик – дирекорот на општинската агенција за образование на Кемерово, која ја опиша како бирократ од низок ранг, но со злокобни амбиции кој постигнува повеќе од очекуваното. Блог – статијата вклучува и скенови (тука и тука) од службена агенциска белешка од мај 2010 година во која Руднева го изложува планот „ како да се разбијат илегалните активности на деструктивните социјални сили во Кемерово“. Во текстот, Руднева го предлага следниот занимлив пристап :

Да се организира постојан контакт со деструктивните членови на општеството, да се идентификуваат нивните лични проблеми (нивната професионална состојба, некои медицински потреби, образованието на нивните деца итн.) како и да се преземат навремени мерки за да се воспостави конструктивен дијалог со нив.

Одговарајќи на идејата на Руднева, Шипилов запиша :

[Таа] навистина сака да учествува во политичкиот живот на регионот, но тесноградоста на нејзиниот авторитет го спречува тоа. Пропагирањето на политички идеи во образвоните институции на нашата земја е забрането со закон. Па така, таа реши да тргне по нов пат, предлагајќи документ кој сам по себе претставува навистина запрепастувачки пример на „газолижење“.

Околу една недела подоцна, Шипилов ја надополни оваа статија со доза на креативно пишување [руски], составувајќи сценарио за измислена телевизиска емисија која ја претставува иднината десет години од денес, насловена како „Еден ден од животот на Аман Гумирович [Тулејев]“, која се прикажува на „Ал Џезеира Кузбас“. (Расистичкиот призвук на сценариото на Шипилов кое си игра мајтап со казактанско – башкирскиот гувернер веројатно придонесе за првичните извештаи [руски] дека како надополнување на Член 319, Шипилов би можел да биде обвинет и за побудување на етничка омраза според Член 282 [англиски].)

Текстот претставува сатира на гувернерот на Кемерово, ставајќи го во апсурдни и срамни ситуации (неговата жена го храни со бубачки и урина, добива писма со омраза на работа итн.), а и самиот Тулејев се однесува бесмислено. Во една сцена, се појавува во емисијата „Јас сум жив!“ (измислена тв – емисија на Ал Џезеира) каде зборува на јазикот „балалајка“, нагласувајќи го секој збор со звукот „ама“ и имитирајќи го централно – азискиот стереотип популаризиран [руски] од комичарот Михаил Галустијан. Напуштајќи го студиото, еден помошник му ја враќа заборавената чантичка со козметика на Тулејев, кој одговара:

Ти благодарам Захар. И тоа точно на време. Ми треба малку течна пудра и супер – лепак. Ми се одлепи увото и некои точки од мртво месо се појавија на мојот врат.

Реакциите на блогерите од Кемерово варираат. Александар Сорокин, предавач на локалниот Универзитет за либерални уметности, во јануари 2012 година рече [руски] дека полициски службеници го испрашувале за да потврдат дека тој ги читал блог – статиите на Шипилов (со цел на суд да докажат дека LiveJournal (Лајв Џурнал) може да се смета како јавен форум). Веќе во февруари 2012 година [руски], иако сè уште спротиставувајќи се на наметнувањето на Член 319, Сорокин го обвини Шипилов за неуспехот да ја информира јавноста за неговото судење. Василиј Попок, новинар од Кемерово (кого Шипилов го издвои како човек кој би направил сè за пари и алкохол) ја поздрави пресудата [руски], иако подоца изрази жалење [руски] што мала е веројатноста дека Шипилов ја научил лекцијата. Попок исто така повторно објави една статија на Андреј Иванов, уште еден жител на Кемерово, кој го критикуваше начинот на кој DozhdTV (ДождТВ) ја покриваше приказната на Шипилов. Спикер на  DozhdTV во живо  [руски], тврдеше дека наводно судот во Кемерово го осудил Шипилов на тешка работа. Иванов одговори [руски] саркастично:

Произлегува дека казната на Дмитри е многу повеќе отколку просто метење улици, како што би можеле да помислат наивните локални жители на Кузбас. Во [читај] Масква знаат дека всушност пакосниот Тулејев одлучил да го прати човекот да скапува во рудниците копајќи токсичен отпад.

Во меѓувреме, Шипилов вети дека ќе ја обжали пресудата, велејќи дека е подготвен да го пренесе неговиот случај до Европскиот Суд. Адвокатот на Тулејев, Алексеј Синицин, од друга страна изјави [руски] за Новокузнетскатa телевизиска станица дека судската одлука беше во границите на Европските закони, тврдејќи дека ниедна држава не дозволува нејзините граѓани да објавуаат непристојни навреди упатени кон владини функционери.  Иронично, Павел Чиков, Претседател на групата за човекови права – „Агора“, го изјави за Gazeta.ru токму спротивното, елаборирајќи дека кривичните постапки против блогерите стануваат дел од минатото бидејќи нивното практикување се коси со обврските на Русија од Европската конвенција за човековите права [англиски].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.