Бангладеш е ниско рангиран помеѓу светските фудбалски тимови и не се квалификуваше да игра на FIFA Светскиот куп оваа година, но популарната земја е се уште важен играч во Бразил — поголемиот дел од облеката која ја носаат навивачите и некои од дресовите на играчите го носат знакот „Made in Bangladesh [2]“(Направено во Бангладеш).
Производителите на облека [3], веќе сопственици на најголемиот дел од извозот на земјата, имаат заработено најмалку 500 милиони американски долари [4] од нарачки за шиење навивачки дресови за светскиот куп за извоз за најголемиот дел од играчите од 16 тимови учесници [5], вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Италија, Иран, Франција, Англија, Швајцарија, Белгија, Чиле и Германија. Продажбата се очекува да го поттикне индустрискиот развој.
Бангладеш исто така ги произведе и дресовите на бразискиот национален тим. Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) одлучи на долниот дел од дресот да биде напишано [6] „Made in Bangladesh“ со цел да да се оддаде почит на жртвите од колапсот [7]Rana Plaza [7]од 2013 кој уби повеќе од 1100 луѓе и пожарот во фабриката за облека во Тазреен [8] кој, според дојавите [9] од медиумите, уби повеќе од 100 луѓе.
Карима Хаге [10] на сајтот за фудбалски вести Side Tackle му честиташе на Бангладеш за неговите постигнувања.
Ние […] ги пофалуваме и поздравувавме илјадниците раце кои го направија невозможното. Тие го направија и во догледна иднина ќе го прават Бангладеш горд.
Танвир Ахмед [11], фан на фудбалскиот клуб Ливерпул, од главниот град на Бангладеш – Дака, напиша на Твитер:
Навистина се чувствувам горд кога сфаќам дека сите бразилски дресови се направени во #Бангладеш [12] оваа година. Навистина сум горд!!!
— Танвир Рахман (@pritomtanvir) 12 јуни, 2014 [13]
Навистина се чувствувам горд кога сфаќам дека сите бразилски дресови се направени во #Бангладеш [12]оваа година. Навистина сум горд!!!
— Танвир Рахман (@pritomtanvir) 12 јуни, 2014 [13]
Облекувањето во знакот на светскиот куп не е популарно само во земјите кои учествуваат на турнирот, туку и во Бангладеш, земја со околу 160 милиони луѓе. Фудбалот тука е омилен спорт. Официјалните дресови на тимовите од Најк, Адидас и Пума се достапни, но скапи, така што многу луѓе преферираат да купат неофицијални дресови од улични штандови или продавници.
Периодот се покажа поволен за развој на бизнис. Текстилниот производител од Бангладеш и познат актер M. A. Јалил Ананта [18] во интервју за локален весник објасни за економскиот бенефит од извозот:
পোলো ব্র্যান্ডের জার্সিগুলোর দাম আমরা প্রতি পিসের জন্য সর্বনিম্ন নয় ডলার করি নিচ্ছি। অন্য সময় আমরা সাধারণত একই ব্র্যান্ডের এই পোলো শার্টের দাম প্রতি পিস সাড়ে ছয় ডলার থেকে সাত ডলার রাখি। এতে করে এখানে যেসব গার্মেন্টস এই কাজ করছে, তারা প্রতি পিসে বাড়তি দুই ডলার করে পাচ্ছে। ফলে আমরা রেমিট্যান্সও বেশি করে আনতে পারলাম। আমরা দুদিক থেকেই লাভবান। এক. বিশ্বকাপে একধরনের অংশগ্রহণ, দুই. ব্যবসায়িকভাবে লাভবান। এ ছাড়া বাংলাদেশের পরিচিতিও বাড়বে।
Ние извезуваме фудбалски маици од брендот Поло по цена од 9 американски долари за парче. Вообичаено цената на производот е 6.30-7.00 американски долари. Но, како резултат на високата побарувачка за дресови, производителите кои ги набавуваат, добиваат дополнителни 2 долари. Така, нашите приходи во странски валути се покачија. Профитираме на два начина: 1) можеме да бидеме вклучени во Светскиот куп и 2) заработуваме поголем профит. Ова исто така ја поттикнува репутацијата на Бангладеш.