Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бразил: „Претседателот Лула е гик“

Питер Сунд и Лула на Интернационалниот форум за слободен софтвер. Фотографија од Мариел Засо.

Питер Сунд и Лула на Интернационалниот форум за слободен софтвер. Фотографија од Мариел Засо.

Фотографија од бразилскиот претседател Лула да Силва и претставникот на Pirate Bay, Питер Сунд постојано се шири низ блогосферата, заедно со видео, во кое за првпат претседателот јавно го критикува Законот за дигитални прекршоци. Иницијално предложен во 2005 година од бразилскиот сенатор Едуардо Азередо и сега моментално разгледуван во сенатот, регулацијата ги опфаќа не само прекршувањата на авторските права, туку и со неа може да се добие и до три години затворска казна за се што би се сметало како „опасна активност онлајн“ – од ширење на вирус до споделување на фајлови онлајн.

Во симболична поддршка на слободниот софтвер, Лула донесе олеснување и надеж за кибер-активистите кои присуствуваа на Интернационалнит форум за слободен софтвер велејќи: „интернетот мора да остане слободен“, „во нашата влада е забрането да се забранува“ и „слободата е извор на креативност“. Иницијативата за слободен софтвер овозможува англиски превод на обраќањето на претседателот на Интернационалниот форум за слободен софтвер. Само-прогласениот гик Џулио Камара [португалски] ја нарекува посетата на претседателот политички маркетинг и заклучува дека Лула рекол се што луѓето сакале да чујат:

A início do controle da segurança do presidente, próximo ao meio dia, decretou o final do terceiro dia de fórum para os participantes. A área onde estavam a maioria dos estandes teve o acesso restrito a poucas pessoas, o resto do pessoal teve de optar por ficar embolado na multidão na área livre ou sair pela cidade.

Embora tenha causado tantos tanstornos, Lula conseguiu cativar vários participantes do FISL, alguns até divulgaram materiais com a frase “O Lula é nerd”.

Para conquistar os eleitores geeks, Lula bateu na cara da Microsoft defendendo o uso de Software Livre e detonou o projeto de Lei do senador Azeredo, classificando o projeto como censura na internet

Безбедноста околу пристигнувањето на претседателот, некаде околу пладне, го одбележа крајот на третиот ден од форумот. Делот каде беа поставени повеќето од штандовите беше ограничен за пристап на само неколку луѓе, а другите мораа да изберат помеѓу останатиот преполн дел или да го напуштат настанот.

Иако Лула предизвика доста проблеми, тој успеа да задоволи неколку учесници на форумот, од кои некои дури делеа банери со фразата „Лула е нрд (Lula is a nerd)“.

За да ја придобие наклонетоста од гиковите, Лула им зададе удар на Мајкрософт со неговото застапување за користење на слободен софтвер и критикувајќи го законот на сенаторот Азередо, опишувајќи го проектот како цензурирање на интернетот.

Покрај хаосот кој го направи обезбедувањето кое го штитеше претседателот, Филипе Сараива [португалски] вели дека неговото присуство било позитивно, но дека тој сака да види вистинска акција со која ќе се спречи донесувањето на законот:

Agora, vamos esperar que o presidente não fique apenas no discurso. Muitos pediram que ele vetasse a lei, caso aprovada; porém, isso gera um fato complicado de se lidar.

Ainda existe a possibilidade que os partidos políticos possam fazer um movimento para barrar a aprovação da lei ainda nos plenários. Enquanto isso, os movimentos continuam fazendo pressão.

Não esqueça de assinar a petição contra o Projeto Azeredo. Já são quase 150.000 assinaturas.

Сега, од претседателот очекуваме повеќе од само зборови. Многу побараа од него да стави вето на законот, ако е одобрен, но ова создава комплицирана ситуација.

Сè уште постои можноста политичките партии да го спречат донесувањето на законот пред конгресот. Во меѓувреме, организациите продолжуваат со притисокот.

Не заборавајте да ја потпишете петицијата против законот на Азередо. Скоро 150 000 веќе ја имаат потпишано.

Фотографијата која е раздавана од организаторите на интернационалниот форум за слободен софтвер

Фотографијата која е раздавана од организаторите на интернационалниот форум за слободен софтвер

Главната цел за учеството на претседателот Лула на специјалната десетгодишнина на Интернационалниот форум за слободен софтвер, на кој за првпат учествувал претседател на држава, бише да се промовира скорото започнување на неговата стратегија за социјалните медиуми и Blog do Planalto. Плантро палас е седиштето на Федералната извршна моќ, но блогот Blog do Lula е сито така креиран, покрај тоа што група на блогери ќе ја создаваат содржината, а не самиот претседател. Блогот ќе ја користи платформата WordPress, како слободен софтвер, и ќе ги опфаќа луѓето кои своите информации ги добиваат примарно од интернетот.

За да ја одреди ситуацијата, владата постави форма за советување, иницијатива која е поздравена од блогосферата. Крајниот рок за учество е 7 јули и на крајот ќе има избор од неколку изгледи (темплејти) со блогери и нетизени, кои ќе бидат повикани да го дадат својот глас за изгледот (темплејтот) за блогот. Афинсофиа [португалски] помага да се рашири гласот:

E como mais uma evidência de um outro entendimento do que é comunicação social que carrega este governo, não compactuando com as forças reacionárias tradicionais, a chamada mídia sequelada, convida os internautas a participar da confecção do blogue. Desde o conteúdo até os softwares de código aberto que irão compor o portal, tudo será decidido em um fórum virtual, com participação livre. É o entendimento do público transbordando nas ondas virtuais da rede, a partir do entendimento democrático da comunicação social do governo federal.

Како дополнителни докази за различното разбирање на социјалните медиуми од страна на владата, ослободени од традиционалните сили познати како големи медиуми, таа ги покани интернет корисниците да учествуваат во креирањето на блогот. Од содржината до слободниот софтвер кој ќе го користи сајтот, се ќе биде решено на онлајн форум, отворен за учество за секого. Тоа е сфаќањето на владата за префрлањето на јавноста во виртуелните светови преку нејзиното демократско разбирање на социјалните медиуми.

Иако имаше обиди да се забраната блоговите во дебатите во претходните избори во земјата, пристигнувањето на Blog do Planalto ќе ја одбележи промената на трендот и менталитетот. J. Нето [португалски] исто така истакнува дека, како што најавено, блогот нема да биде отворен за коментари, што тој го смета за голема грешка:

Com a intenção de ter uma aproximação maior com o público jovem das redes sociais e, visando as eleições do próximo ano (2010), o blog do presidente Lula deverá estar pronto até o final deste mês. E, semelhante a estratégia já adotada por Barack Obama nas eleições americanas, Lula também terá um canal no YouTube e no Twitter para interagir. (…) Agora, uma pergunta curiosa: Qual a vantagem de ter um blog se ele não aceita comentários (feedbacks)?

Со намерите да се приближи кон младите корисници на социјални медиуми и со поглед на изборите во следната година (2010), блогот на претседателот Лула треба да биде готов до крајот на месецот. И слично на стратегијата на Барак Обама за изборите во САД, Лула ќе има интерактивен канал на YouTube и Twitter. (…) Сега, интересно прашање: Што е предноста од имање на блог ако не е отворен за коментари (фидбек)?
"Еј, пријателе, ќе ме додадеш во твојот блогрол? " Илустрација од  Infomaniaco.com.br

„Еј, пријателе, ќе ме додадеш во твојот блогрол?“ Илустрација од Infomaniaco.com.br

Интернационалниот форум за слободен софтвер е годишен настан спонзориран од бразилската невладина организација Асоцијација за слободен софтвер, кој се случува секоја година во Порто Алегре и оваа година од 24 до 27 јуни привлече околу 8000 луѓе [португалски]. Колекција од вести, реакции на Twitter и блог постови за настанот, најчесто на португалски, може да се погледнат тука. Како и претходно известено од Global Voices, сега протестот ја има напуштено блогосферата и се случува на улиците и серија од демонстрации против Законот за дигитални прекршоци [португалски], познат и како законот на Азередо, се случуваа низ неколку бразилски градови, а најновите беа во првата недела на јули во Рио де Женеиро и Виториа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.