Индија: Загадувањето од нелегални фабрики за асфалт предизвикува рак кај селаните

Еден проект на Video Volunteers’ India Unheard (Непознати видео – волонтери од Индија) ги открива проблемите со кои се соочува едно село во Раџастан, каде загадувањето предизвикано од неколкуте нелегални фабрики за асфалт предизвикува проблеми во дишењето кај 10% од населението, а исто така негативно влијае на земјоделието.

Сунита Касера, која живее во соседната општина, ги документира жалбите на жителите против загадувањето кое е предизвикано од овие фабрики, кое предизвика многу од луѓето да се разболат од рак или од респираторни болести. На оние кои се болни им се потребни пари за лекови, но истовремено нивните фарми, кои се исто така погодени од загадувањето, принесуваат помалку производи. Во меѓувреме, сопствениците на фабриките велат дека жителите имаат само придобивки, бидејќи голем дел од нив се вработени во истите фабрики и имаат добри плати, а до сега никакви жалби не биле упатени кон нив.

Извадок од описот на видеото:

Дури и воздухот од селото Аштал, во областа Каруали, во Раџастан  се сврте против жителите. Засадените култури овенуваат пред да бидат ожнеани, а дрвјата престанаа да раѓаат плодови. Еден од десет жители страда од рак или е жртва на напредна туберкулоза. Сите знаци покажуваат кон 5-те фабрики за асфалт кои исфрлаат отровни гасови и црна прашина речиси секој ден во изминативе 10 години.

Започнати се заеднички напори за да се докаже нелегалноста на овие фабрики за да се дислоцираат подалеку од селото.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.