Либан: Прослави за Цветници и Велигден

На 8 април 2012 година, во Либан се случија две христијански прослави, бидејќи црквите кои го следат Грегоријанскиот календар го славеа Велигден, а црквите кои го следат Јулијанскиот календар го славеа празникот Цветници. Ова значи дека некои христијани ќе го слават Велигден на 15 април наредната недела. Во 2013 година, двата Велигдени ќе бидат временски пооддалечени, на 31 март и 5 мај.

Сиецке, Холанѓанка мажена за Либанец, ги опишува семејните велигденски прослави:

Секоја година имаме велигденски ручек заедно со потрагата по велигденски јајца во градината на таткото на мојата јатрва. И тогаш сите доаѓаат, без разлика дали се христијани или не, дали е нивниот Велигден или не (православните го слават Велигден наредната недела). Спомнав претходно дека во Холандија, според оваа роднинска врска тие би биле странци. А тука се роднини од потесното семејство. И братучедите на мојата јатрва исто така доаѓаат, како и сопругите на браќата на таткото на мојата јатрва. Ме следите? И родителите на сопругите на браќата на мојата јатрва се таму исто така. Во Либан имаат називи за ваквите семејни врски. Во Холандија никогаш не би се сретнале со овие луѓе, освен можеби на поскромна венчавка или погреб. Тука јас се среќавам со нив секоја година. Како што се венчаваат децата, се придружуваат и новите семејства, групата се зголемува. Во семејството има луѓе од 96 години (тројца беа во своите 90-ти) до 4 месечни бебиња,  нешто како италијанско семејство. Но претпоставувам дека повеќето луѓе кои живеат на Медитеранот ги делат овие обележја; големи семејства, многу прослави и празници. А, ако имате на ум дека  половина од членовите на повеќето либански семејства живеат во странство (само од страната на мојот сопруг  како за пример – а тој потекнува од многу мало семејство) веќе тројца чичковци, една тетка и 11 братучеди живеат во странство), замислете си какви би биле прославите кога сите би биле тука.

Семејна фотографија на Сиецке од Велигден. Извор: sietske-in-beiroet.blogspot.com.

Тарек Џозеф Кемали пишува дека потрагата по јајца не е либанска традиција:

Во Либан немаме потраги по велигденски јајца, туку “натпревар со јајца” каде варени јајца се удираат едно од друго сè додека не остане едно цело, кое се прогласува за победник … И проклетиот холестерол – бидејќи на крај морате да ги изедете сите, така?

Обоени јајца за Велигден. Извор, Твитер корисник @tarekfeghali.

Истовремено, православните христијани го прославија празникот Цветници.

Бискупот Ауди на прославата на Цветници во православната катедрала Св. Ѓорѓи во Бејрут. Извор, корисник на Твитер @LebanonEguide.

Прослава на Цветници во православната катедрала Св. Ѓорѓи, во центарот на Бејрут. Извор, корисник на Твитер @antoine_haddad.

Прослава на Цветници во Ашрафиех, Бејрут. Извор, корисник на Твитер @rimamaktabi.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.