Традиционалните поговорки Бамбара содржат многу мудрост, нешто што блогерот Оумар Дембеле - кој е дел од проектот за стипендисти на Рајзинг војсис (Rising Voices) Ségou Villages Connection (Поврзување на селата од регионот Сегу) – го споделува на Ségou Infos Blog [fr]:
Si le veau ne reconnait pas le lion comme animal féroce, la vache le sait bien.
Гореспоменатата поговорка, што се однесува на мудроста на поискусното животно првобитно може да се најде во јазикот Бамбара, националниот јазик на Мали. Освен тоа, Бамбара е и најупотребуваниот јазик во земјата и истиот се смета за лингва франка. Пишаниот Бамбара беше воведен за време на француската окупација и писменоста сè уште е ограничена. Јазикот е под силно влијание на францускиот така што дури и излишното познавање на францускиот јазик ќе го олесни паметењето зборови. Ако не можете да се сетите на некој збор, можете да се обидете да го употребите францускиот еквивалент.
Поговорките помагаат при разбирањето на една култура или цивилизација, а некои познати Бамбара поговорки можат да се најдат и онлајн.
За повеќе поговорки на Твитер кликнете тука и тука. Блогот Манено Матаму исто така ја разгледува истата поговорка на повеќе африкански јазици, вклучувајќи го и Бамбара, кој што:
има поговорка, што збор до збор соодветствува на француската изрека, барем така е според онлајн речникот bambara.org :
Dɔɔnin-dɔɔnin, kɔnɔnin bɛ a ɲaa da
Буквално пренесено : « Малку по малку, птицата го гради своето гнездо. »
Бамбара сè уште не е толку присутен онлајн, меѓутоа сепак постои мало присуство на социјалните медиумски платформи. На пример, Букару Конате, кој истовремено е координатор на проектот Ségou Villages Connection, својот личен блог го пишува и на француски и на неговиот мајчин јазик. Тој твита и на Бамбара, како што можеме да видиме во овие размени на твитови со Фил Паолета (@philinthe_).
За оние кои што сакаат да знаат нешто повеќе во врска со Бамбара, или пак да научат неколку зборови или изрази, Викитравел нуди книшка со фрази, а Викибукс нуди книга со фрази како и почетнички лекции [fr]. Достапен е и Онлајн Бамбара-Француско-Англиски речник.