Словачка: Одбивање на предлогот за признавање на независно Косово

Република Косово објави независност на 17 февруари 2008 година. Досега 43 од 192 земји на Обединетите нации ја признаа независноста на Косово, вклучувајќи го САД, Канада, Австралија, и повеќето земји од Европската унија. На ова особено се спротивставува Русија – покрај Србија.

Пред неколку месеци, словачката влада објави дека нема да ја признае независноста на Косово. Министерот за надворешни работи изјави дека словачката влада нема да признае документи од независно Косово, вклучувајќи ги косовските пасоши. Петар Мартиновиќ, словачки блогер, пишува:

[…]Доколку граѓанин на Косово се најде на словачка територија, тој ќе се смета за илегален имигрант иако има валидна шенген виза. […]

Зошто Словачка не ја признава независноста на Косово кога нејзините соседи, како Република Чешка, Полска и Унгарија, го направија тоа? Зошто земја како Словачка, каде нејзините граѓани живееја под власт на моќна империја со векови и земја која ја има својата независност само 15 години, избира да не ја признае независноста на земја како Косово каде нејзините луѓе имаат преживеано, како што ОН го нарекува „масивно кршење на човековите права“ од мнозинската влада на државата?

Мартиновиќ го нуди следново објаснување:

[…]Ова е едно од прашањата кое го спојува спектарот на словачките политичари. Со исклучок на партијата на унгарското малцинство, сите политички субјекти (без разлика дали се про-европски или фанатички про-европски) се согласуваат за непризнавање на независноста на Косово. Неговите корени не може да се најдат само во историјата од 20тиот век […], туку и во чувството на јавноста […] дека унгарското малцинство кое живее на југот, е закана за најважните интереси на земјата и дека тие сѐ уште планираат да се одделат и да станат дел од Унгарија. […]

Земјата што е денес модерната Словачка, порано била дел од Унгарското кралство. Словачка била под унгарска влас со векови. Многу од тие години тие се обидувале да добијат права како етничка група, а исто така и независност. По крајот на првата светска војна, се формирала Чехословачка. Кога се формирала новата граница, домовите на некои Унгарци потпаднале под Чехословачка. Денешното унгарско малцинство има најмалку 10% од вкупната популација на Словачка, со некои делови од југот на Словачка кои имаат повеќе од 40% унгарско население.

Мартиновиќ ја разгледува правилноста во загриженоста дека Унгарците можеби ќе се одделат од Словачка:

[…]Ова се разбира нема смисла и може да се објасни само како вулгарен национализам од некои политичари, кои си обезбедуваат гласови од помалку образованите (но сепак многубројни) гласачи, иако однесувањата на некои претставници на Унгарците не помогнаа во смирување на ситуацијата. […]Мартиновиќ продолжува, велејќи дека не му се допаѓа фактот дека ситуацијата со Косово претставува преседан за дел од територија „која прогласува независност без согласност од централната влада и сепак е признаена од интернационалната заедница.“

Еве друго гледање на ситуацијата, искажано од 24 годишниот Словак наречен Џан, на блогот УС Еуропианс:

[…]Желбата на Косово да стане независно не доби поддршка од словачката влада. Ние мислиме дека Косово е дел од Србија и така ќе остане. Ова не е ситуација каде двете страни победуваат. Ние имаме слична ситуација на југ, со неколку локални унгарски малцинства кои сакаат да прогласат независност. За нас Словаците, таков чекор ќе биде целосно неприфатлив. Тоа во никој случај нема да биде слично на начинот на кој ние се одделивме од Чешката република. […]

Блогерот од Романија, Сорина Мурафа коментира:

[…]Тоа е како да велиш „секако сите луѓе се еднакви, но некои луѓе се повеќе еднакви од другите.“ Кога ние сакаме одделување – поради било која причина – секако, дозволи ми да се одделам без проблеми. Кога не сме ние во прашање, веднаш тврдиме „ова е различна ситуација“, одделувањето е неприфатливо итн. […]

Независноста на Косово е многу бодликаво прашање во многу делови од Европа. Едноставно не е возможно сите етнички малцинства да имаат сопствена независна нација. Со ова се појавуваат прашањата за третирањето на малцинствата од владата на нивните земји, меѓутоа и дијалогот е скоро секогаш позитивна работа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.