Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Авторот на Глобал војсис Алекс Содиков пуштен од притвор

Alex Sodiqov with his wife and baby. Photo used with permission.

Алекс Содиков со сопругата и бебето. Фотографијата е објавена со дозвола.

Научникот-истражувач и автор на Глобал војсис Александер Содиков конечно се врати кај жената и ќерката на 22 јули, по поминати пет недели во притвор во Таџикистан. Според профилот на Твитер @FreeSodiqov, Алекс сè уште не е целосно слободен, туку мора да остане во земјата за потребите на истрагата. 

Докторантот на Универзитетот во Торонто, кој е роден во Таџикистан беше уапсен на 16 јуни во Автономната Област Горно-Бадакшан, каде што работеше на истражување на мирното разрешување конфликти во рамки на колаборативен проект со Универзитетот од Ексетер.

Додека Алекс го интервјуирал Алим Шерзамонов, регионален претставник на опозициската Социјал-демократска партија на Таџикистан, му пришле и го грабнале полицајци во цивил, кои наводно се претставиле како агенти на државната безбедност. Таџикистанскиот Државен комитет за национална безбедност подоцна објави известување во кое го потврди апсењето инаведе дека Содиков се занимавал со шпијунажа во полза на неидентификувана странска влада.

Позадина: Зошто спроведување научно истражување во Корог, Таџикистан е кривично дело.

On the road to Khorog, Gorno-Badakhshan Autonomous Oblast, Tajikistan. © Ivan SIgal

Предупредување за мини на патот кон Корог, Автономна Област Горно-Бадакшан, Таџикистан. © Иван Сигал

Александар Содиков е перспективен научник чии записи за политичката ситуација во Таџикистан и Централна Азија имаат карактеристики на врвен политички аналитичар – строгост, увид и непристрасност. Тој е исто така човек кој, покрај широкото меѓународно искуство, се посветува на истражување во неговата родна земја и ширење на стекнатите знаења пошироко во светот.

За да се сфати зошто таџикистанските власти би сметале некој како Алекс за закана, важно е да се знае дека неговото апсење беше помалку демонстрација на сила, а повеќе израз на слабост во регион каде што слабата власт има слабо присуство.

…продолжете со читање  (на англиски).

Покривање на кампањата

На 19 јуни, заедницата на Глобал војсис се придружи на кампањата за ослободување на Алекс Содиков – #FreeAlexSodiqov и ја објави оваа изјава

Информации за кампањата

  • Посетете го официјалниот веб-сајт на кампањата за ослободување на Алекс Содиков (на англиски и руски)
  • Додадете го своето име и/или името на вашата организација на петицијата
  • Твитувајте и следете го хаштагот #FreeAlexSodiqov

Написи на Глобал војсис за : #FreeAlexSodiqov 

Поддршка за Алекс: Организации

OSCE: OSCE media freedom representative concerned about disappearance of blogger in Tajikistan  (18.06.2014)

Human Rights Watch: Tajikistan: Free or Charge Researcher  (June 19)

Amnesty International: Tajikistan: PhD Student Arrested, Held Incommunicado: Alexander Sodiqov  (June 19)

Запознајте го Алекс: Преку неговите написи на Глобал војсис

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.