- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ерменија: Интервју со Лиана Агајаниан

Категории: Централна Азија и Кавказ, Ерменија, Етничка припадност и раса, Миграција и имиграција, Младина, Уметност и култура
liana

Родена во Иран, но израсната и моментално жителка на САД, Лиана Агајаниан [1] е писателка и релативно нова особа во ерменската блогосфера. Иако блогира на нејзиниот личен сајт [2], Агајани стана  важен  претходник на алтернативните медиуми во Ерменија и дијаспората  со нејзиниот е-магазин базиран на WordPress, Ianyan [3].

Здраво и добредојде во магазинот ianyan, твојата премиерна независна ерменска публикација. Ianyan најпрво започна како идеа што лежеше скриена во нашиот мозок повеќе години. Но како и сите добри работи, идејата конечно доживеа своја реализација. Ние овде во  ianyan тежнееме да го постигнеме она што многу ерменски публикации не успеаа да го направат: објективни вести,  претставувања и приказни кои ќе ги цените. Ова не е вашиот medzbab весник. Овде нема пропаганда. Ние не трагаме само по вистината и известуваме за неа, ние ви носиме ерменски вести од целиот свет и за младите и за старите генерации, исто така и за не-ерменските пријатели.

Целото интервју можете да го слушнете подолу [англиски].