Земјите од Доминиканската Република и Хаити делат ист остров, кој е познат како Хиспаниола, уште од неговото откривање од Кристофер Колумбо во 1492. Во тоа време островот бил компромис за истата територија и останал така се до 1697 година, кога со потпишувањето на примирјето на Рузвик, Шпанија го отстапила западниот дел од островот на Франција, кој бил преименуван во Сеинт Доминик.
Првобитно колонијата била населена со африкански робови кои потоа се побуниле против француските колонизатори. На овој начин всушност во 1804 година е родена Хаити, која станува првата независна земја во Латинска Америка. До 1822, Хаити ја имала целосната контрола на островот и го окупирала Санто Доминго се до 27 февруари 1844, кога тајното друштво наречено „Ла Тринитариа“ меѓу другите предводено и од Хуан Пабло Дуарте, било креирано да добие независност од Хаити и да ја создаде она што денес е познато како Доминиканска Република.
Од тој ден, Доминиканската Република и Хаити се две независни нации, со различна култура, верувања и систем. Нивните патишта на екомонски развој исто така се многу различни, Хаити е најнеразвиената земја во Америка, а Доминиканската Република ја ужива една од најголемите економии во Карибите и Централна Америка.
Покрај овие контрасти, заедничко за двете земји е што си интервенираат во своите судбини. Голем број од хаитски граѓани секојдневно ги минуваат границите, најчесто илегално, за да бараат работа како градежни работници или да работат како улични продавачи на овошје, слатки и други мали, евтини работи. Некои можеби работат на плантажите на шеќерна трска.
Поради големиот број на недокументирани Хаиќани во Доминиканската Република, голем процент од нив може да се видат на улиците како просјаци. Овие видливи примери кај Доминиканците често предизвикуваат негативен стереотипен поглед на Хаитите. Сепак, постои и мал процент на оние кои доаѓаат легално, со цел да студираат, најчесто со стипендии, но можеби не се типичниот профил на Хаиќаните во земјата. José Rafael Sosa ги запознава своите читатели со еден од овие успешни студенти, со име Gessy [шпански]:
Cuando uno conoce a Gessy, el esquema prejuiciado que tenemos de “los haitianos”, se va a casa del carajo. Gessy Bellerive nació en Grande Riviѐre Du Nord, cerca de la ciudad de Cabo Haitiano, y voy directo a la historia: acaba de graduarse Magna Cum Laude en la Pontificia Universidad Católica Madre y Maestra. Ahora regresa a Haití a servir a su pueblo.
И покрај овие позитивни примери за Хаиќаните, кои се истакнуваат во соседните земји, многу Доминиканци сметаат дека имиграцијата е надвор од контрола. Иако многу доаѓаат по своја воља, други се донесени во Доминиканската Република како дел од трговијата со луѓе и се искористуваат во мрежата на питачи. Проценките говорат дека има приближно 1 милион недокументирани Хаиќани во Д.Р., повеќето од нив деца кои работат на улиците како мијачи на стаклата на возилата или како чистачи на чевли. Manuel Vólquez од Diario Digital Dominicano [шпански] ја сумаризира ситуацијата на овој начин:
Los haitianos se desplazan por el país como hormigas y han desplazado a nuestros obreros en sectores importantes de la economía como son la construcción y los negocios informales. Han llegado tan lejos que hasta usan niños en las avenidas para mendigar, han asimilado nuestra cultura y nuestras costumbres. ¿Cosas de la transculturización y la globalización?
Она што ги загрижува повеќето луѓето е економскиот импакт на Доминиканската Република, поради фондовите кои се одредени за бесплатна медицинска заштита на овие недокументирани имигранти. Има случаи кога бројот на кревети за пациентите се намалува бидејќи тие се зафатени од имигрантите [шпански]. Според доктор Bolívar Matos директор на здравството во јужниот регион, цената за обезбедување на медицинска заштита на имирантите во провинциите San Juan и Elías Piñа [шпансии] достигнува 55 милиони пезоси (приближно 1.5 милиони долари).
Во секцијата за коментари во написот Hoy, многу пишуваат за овие зголемени трошоци. Rosado320 се прашува колку би биле вкупните трошоци на целиот остров доколку проценките биле само за двете провинции. Oscar Caceres смета дека даноците треба да се зголемат со цел да се задоволат овие потреби и дури предлага барање на меѓународна помош за да се покријат овие трошоци. Сепак Davidlebron е почувствителен и пишува:
A nosotros los dominicanos ausentes, no se nos niega la atencion medica por estos paises tampoco…asi que estoy un poco sorprendido porque hay gente que considera que tratar a los hermanos haitianos es un problema. Claro que es costoso…pero a ninún humano se le debe negar el derecho a comer y ser atendido por probemas de salud…a muchos de nuestros niños se les atiende en hospitales del extranjero y nadie sale a relucir esto como si de algo negativo se tratara.
Овие теми често се во центарот на дискусиите за Хаиќаните во Доминиканската Република. Како резултат на тоа, Доминиканците често меѓународно се обвинувани за расизам, злоставување и лошо однесување кон хаитскиот народ, посебно во шеќерната индустрија. Има и многу врева за правата на Хаиќаните кога Доминиканската Република ќе превземе владини активности, вклучувајќи ја и депортацијата. Постојат невладини организации кои се активни во вакви кампањи и ова е тема која ќе биде истражувана во некој следен напис.