Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Унгарија: Турбулентен државен празник

Унгарија го прослави 164-от роденден од револуцијата во 1848  година. На 15 март 2012, опозицијата изгласа рапер како „алтернативен претседател“ – во време кога премиерот ја споредуваше земјата со жаба која во последен момент скока од тенџере со врела вода, како и во време кога еден дел од демонстрантите од екстремната десница насилно упаднаа во канцелариите на  Меѓународниот монетарен фонд. На 16 март, на Плоштадот на хероите во Будимпешта, се одржа рејв парти, а на 17 март, новите питомци на Националната гарда на Унгарија положија свечена заклетва на истото место.

Непосредно пред 15 март,  празникот на државноста, унгарските медиуми посветија внимание на полските и француските приврзаници кои ги поддржаа собирите. Блогот Véleményvezér објави пост [унгарски] на оваа тема, со наслов „15 март : Благодариме, но ние не сакаме да увезуваме демонстранти !“:

[…] Се чини дека одбележувањето на унгарскиот национален празник ќе стане вистински меѓународен настан. Gazeta Polska, десничарски неделник, под насловот „Долго патување кон Унгарија“ известува дека илјадници полјаци се на пат кон Унгарија за да го поддржат Виктор Орбан. Интелектуалците од француската левица упатија јавен повик во кој се вели дека е прашање на совест да се дојде во Унгарија за да се присуствува на Milla протестот  против „националистичката“ влада на Фидеш. […]

Polish supporters of Jaroslaw Kaczinsky's party, the PiS, have arrived in Hungary to support the Hungarian PM Viktor Orbán on the National Day. Photo by DAVID FERENCZY, copyright © Demotix (15/03/12).

Полските поддржувачи на PiS (Право и правда), партијата на Јарослав Качински, пристигнаа во Унгарија за да го поддржат премиерот Виктор Орбан на денот на државниот празник. Фотографија ДАВИД ФЕРЕНЧИ, сите права се задржани © Demotix (15/03/12).

Поканетите претставници од двете земји присуствуваа на двата главни настани на денот. Полјаците особено беа присутни на официјалните владини свечености и на главниот настан на 15 март, каде премиерот Виктор Орбан одржа обраќање [англиски]. Што се однесува до француските гости, тие во голем број присуствуваа на најголемата опозициска манифестација заедно со движењата на граѓанското општество.

Горенаведениот настан на опозициската демонстрација беше организиран преку Фејсбук групата: „One Million for the Freedom of Press in Hungary“ (Еден милион за слобода на унгарскиот печат, англиската страница е  тука), попознато и како „Milla“ (Мила). „Мила“ исто така ја започна својата манифестација во попладневните часови, со говор на  Допман, популарен рапер, кој успешно премина од популарен пеач во уметник кој го изразува погледот на силната граѓанска опозиција објавувајќи  една недвосмислена песна, делумно преземајќи зборови од националната унгарска химна [унгарски].

Започнувајќи на државниот празник на 23 октомври, „Мила“ поведе исто толку контроверзен како и некохерентен избор за функцијата „алтернативен претседател“, чиј победник беше Допман.(Движењето „Мила“ призна на нивниот блог [унгарски] дека одвивањето на конкурсот не било на потребното ниво.)

Раперот ги наведе бројните проблеми на унгарското општество во неговиот воведен говор [унгарски] на 15 март, истовремено цитирајќи ги стиховите на неговите песни во врска со проблемите на животот во Унгарија. Потоа се обратија и претставниците на погодените социјални групи од актуелните владини политики: студенти, новинари, членови на граѓански здруженија итн…

A military parade in Budapest on the National Day of Hungary. Photo by DAVID FERENCZY, copyright © Demotix (15/03/12).

Воена парада во Будимпешта на денот на унгарскиот државен празник. Фотографија ДАВИД ФЕРЕНЧИ, сите права се задржани © Demotix (15/03/12).

Во исто време, пред унгарското Собрание, премиерот Орбан го споредуваше задолжувањето на унгарското општество со жаба која се чувствува удобно во тенџере со вода што врие на тивок оган сè додека не е речиси доцна.

Неговата критика на ЕУ беше истакната во меѓународните медиуми [англиски], а еве што вели за тоа Ева Балог на нејзиниот блог [англиски] :

[…] Што се однесува до актуелната политичка клима во Европа, Орбан даде неколку остри карактеристики на оваа тема. Унгарците сфаќаат дека „Европската Унија не е сојуз на светци, но тие не можат  немо да следат една политичка и интелектуална тенденција да ѝ наметнува несвета алијанса на Европа.“ […]

Кон крајот на настанот „Мила“, едно движење од екстремната десница, „Младинско движење на шеесет и четири области“ (името се однесува на 64те држави кои постоеле пред Договорот од Тријанон, горчлив дел од унгарската историја) одржа собир на истото место, со што предизвика конфликт кој беше решен од страна на полициското присуство. Младинското движење потоа се префрли во унгарската канцеларија на Меѓународниот монетарен фонд со цел доставување петиција до претставниците на организацијата и кога разбраа дека тоа не е можно, запалија петарди во внатрешноста на зградата. Блогот Egyenlítő го сними тоа и видео снимката ја сподели на Јутјуб.

16 март остана ден на славење на револуцијата од 1848, но некои млади од Будимпешта сакаа овој ден да го прослават на свој начин. „Повеќе техно во Парламентот“ се нарекува движењето кое се спротивставува на актуелната политичка ситуација, реагирајќи на клучни термини од политичкиот говор. Организираат журки за време на државни празници, каде што зборуваат за „техно прашањето“ и ја бранат идејата на „техно државно радио“, без да го избегнат аспектот за потреба од професионални системи за засилување и диск џокеј во секое село. Овој пат журката беше на Плоштадот на хероите во Будимпешта:

 

На 17 март, исто така на плоштадот на хероите, 130-мина  положија свечена заклетва [унгарски] за воведување во паравоена група наречена Унгарска национална гарда. „Гардистите“станаа популарни во Унгарија во последниве години, но поради радикалните активности, унгарската гарда, нејзиното јадро, беше укината [англиски]. Слични движења повторно избија на површина во селата во северниот дел на земјата (статии во Глобал Војсис во врска со нив видете тука и тука), заканувајќи ѝ се на ромската популација преку самото нивно присуство.

Овој видео запис прикажува како демонстрантите кои се против екстремната десница држат транспаренти на кои е испишано „Не за гардата“, „Не за расизмот“.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.