- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Србија: Блогерите го дискутираат апсењето на Радован Караџиќ

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Босна и Херцеговина, Србија, Холандија, Хрватска, Војни и конфликти, Закон, Историја, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика, Човекови права

Само неколку дена по 13тата годишнина од масакрот во Сребреница, во кој повеќе од 7,000 луѓе, повеќето муслимани, беа убиени, Радован Караџиќ [1], поранешниот претседател на Република Српска, е уапсен.

Ноќта на 21-22 јули, многу големи странски и скоро сите медиуми од Србија веднаш објавија извештаи за апсењето.

Многу од блогерот од српската блогосфера беа изненадени од веста. Следуваат неколку нивни реакции.

На неговиот блог, Ко од Слики и случувања напиша [2] [SRP]:

Додека подготвував извештај за мојата посета на Портланд, наидов на веста дека Радован Караџиќ е уапсен. Едноставно не можев да верувам дека тоа е вистина, но веста е објавена на сите веб страници.
[…]

Хуг Грифитс, Б92 блогер, го напиша [3] следново:

Многумина од нас мислеа дека нема да го дочекаме овој ден, дека несветото тројство од тајната полиција, криминалците и свештениците кои те штитат, ќе осигури долготрајна слобода до последниот ден. Но за среќа, дури и песимистите грешат, барем за некои случаи. […]

Блогерот Дунхусбун од АКУЛТУРА го искажа своето задоволство [4] [SRP] за веста за апсењето на Радован Караџиќ:

[…]Мило ми е што оваа влада е подготвена и има намери да се соочи со проблемите кои сѐ уште ја влечат Србија во пеколот од 90тите. […]

Миша од блогот Доктор го критикува [5] Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (ICTY [6]), но напиша дека иако не верува во неговата правда, ја сака Србија повеќе од Радован Караџиќ:

[…]Без разлика колку и да е лоша репутацијата на трибуналот во Хаг поради ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај [7] и Насер Ориќ [8] и без разлика дали Радован Караџиќ е невин (Господ ќе му помогне да го докаже тоа?), Србија е секогаш на прво место за мене. […]