- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Голотија и рушење на моралот

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Жени и род, Медиуми и новинарство, Уметност и култура, Филм

Колку голотијата на телевизија може да се смета за уметност и колку од тоа придонесува за рушење на моралот? Сирискиот блогер Емад [1] [Ar] се обидува да одговори на ова прашање во следниов пост:

Користејќи ја уметноста како изговор, сега гледаме голотија на арапските телевизии без да бидеме во позиција да се побуниме за „жешките“ сцени кои ги гледаме и кои нивните продуценти ги опишуваат како „соочување со тешката реалност и опишување на она што навистина се случува во општеството.“

Вистинското објаснување за она што ние го гледаме на телевизија е неетичко однесување и срамна голотија. Сепак, хероината од филмот или серијата станува жена од општеството и пример за многу девојки, се појавува на телевизиски интервјуа и ужива во почитта од гледачите за нејзините напори за промовирање уметност. На такви интервјуа, таа се прикажува во улога на угледна дама од општеството, зборува за етика, фамилијарно потекло, како таа да е пример за вистинска жена.

Неправилно во ова е тоа што поголемиот број на луѓе што ги гледаат овие програми се угнетени и живеат во затворени општества. Токму поради ова постојат многу девојки кои го доживуваат надворешниот свет преку она што го гледаат во сериите или филмовите. Ова предизвикува големо рушење на моралот, особено кога на таквите девојки, кои мислат дека ваквото однесување ќе ги направи дами во општеството, им се овозможува нивната слобода.