- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Саудиска Арабија: Раздвојување на блогролот?

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Саудиска Арабија, Жени и род, Идеи, Религија, Технологија, Хумор

Познато е дека поделбата на половите во Саудиска Арабија постои во секојдневниот живот – но дали постои онлајн? Дали имињата на машките и женските блогери може да стојат заедно во блогролот? Еден саудиски блогер е заинтересиран за оваа тема.

Ентропи.МАКС, женски блогер, ја прикажува ситуацијата [1]:

Некои од постарите во саудиската блогосфера, вклучувајќи неколку саудиски жени, повикуваат на раздвојување на блогролот на линкови на блогови од жени и мажи. Тие повикуваат на поделба со цел да спречат било какви злодела и штети. Сатаната постои онлајн и имињата на машките блогери може да ги заведат девиците, немажените па дури и мажените жени, особено оние чесните.

Ова може да доведе до неочекувани последици. Токму поради ова неколку блогери го поделија блогролот и ги објавија по посебни блогови, со никаква конекција помеѓу нив, со цел да го заштитат моралот на блогерите и да ја задржат невиноста на муслиманските девојки. Меѓутоа, има неколку блогери, кои се заразени со лошото либерално сфаќање, кои сѐ уште ги мешаат половите и имаат еден блогрол. Тие не обрнуваат внимание на страшните последици на општеството од машки и женски блогери и не ги земаат во предвид специјалните карактеристики на саудиската блогосфера. Покрај сево ова, тие се изненадени дека ни треба код за блогирање!