Украина: Цензура на Фејсбук? (ажурирано)

За чудо на украинската Фејсбук заедница, корисничката сметка на еден од најпопуларните корисници на Фејсбук во земјата, Микола Сухомлин, ака Николај Сухомлин, беше прекината од социјалната мрежа на 1 јуни 2011 год.

На 17 мај, Микола Сухомлин сподели Ју Тјуб снимка од новинарот  Олексиј Матсука кое прикажува како гувернерот на донетскиот регион, Анатолиј Близниук, вози мерцедес од класата S, во вредност од најмалку 60 000 евра. Неговата објава беше забележана од познат он-лајн извор на вести Ukrainska Pravda, која водеше до профилот на Сухомлин, а подоцна беше споменувана на десетици други страни на Интернет. Наредниот ден Сухомлин ја добил првата закана.

Евe како тој се сеќава на настаните во порака на Фејсбук споделена од неговите пријатели:

На следующий день я получил «приватную рекомендацию» удалить видео, а также «умерить свой пыл по отношению к украинским политикам». Вскоре «советы» начали приобретать менее рекомендательный характер и человек, позвонив по телефону и не представившись, сообщил, что «на меня найдут управу».

В течение недели личные сообщения на Facebook содержали ту или угрозу. На сей раз неизвестные с временных аккаунтов грозились заблокировать мой профиль в социальной сети и принять меры для дальнейшего «недопущения распространения порочащей украинских политиков информации». 1 июня 2011 года профиль на Facebook был удален администрацией социальной сети.

Веќе следниот ден примив „лична препорака” да го отстранам видеото, како и да ја „оладам мојата жестокост за украинските политичари”. Набрзо потоа таквиот совет престана да биде само препорака, кога некој човек ми се јави на телефон и без да се претстави, ме информираше дека ќе ,,излезат на крај со мене”.

Околу една недела, личните пораки на Фејсбук содржеа закани. Овој пат анонимни корисници од повремени сметки се закануваа дека ќе го блокираат мојот социјален профил и ќе преземат акции со кои „ќе ми забранат да ширам клеветнички информации за украинските политичари“. На 1 јуни 2011 год. мојот Фејсбук профил беше избришан од администрацијата на социјалната мрежa.

Според познат портал за он-лајн активизам,  Maidan.org.ua, Фејсбук не успеал да го извести Сухомлин за намерите и причините поради кои е избришана неговата сметка.

Официјално објаснување (ажурирано)

На  6 јуни, украинскиот веб-медиум Telekritika, побара од Фејсбук официјално објаснување за неговите дејства во однос на корисникот Микола Сухолмин. Претставникот на мрежата во Русија, Екатерина Скоробатова, им соопшти на Telekritika дека профилот на Сухомлин е блокиран заради „повторено нарушување на авторските права”, за што бил предупреден неколку пати. Потоа таа додала дека видеото за гувернерот не било меѓу таквите случаи.

На 7 јуни, уредникот на веб страната durdom.in.ua, Роман Шраик, ја потврди изјавата на Фејсбук, изјавувајќи дека корисникот Микола Сухомлин неколку пати употребил содржина од нивниот веб-сајт кога префрлал објави кои содржеле авторски права. Еве што напишал во писмо до Telekritika:

Я подтверждаю заявление администрации „Фейсбука”. Николай Сухомлин многократно (десятки раз) воровал фотоприколы с сайта durdom.in.ua. Он срезал с них лого и ник автора и размещал как свои. На замечания не реагировал. Комментарии о воровстве поудалял и закрыл мне доступ к своему аккаунту. Меня возмутило такое отношение, и я обратился в администрацию ФБ. Они раз 5 просто удаляли ворованный контент, но Сухомлин не переставал мошенничать. Видимо, после очередной жалобы его аккаунт и был закрыт.

Ја потврдувам изјавата на администрацијата на Фејсбук. Микола Сухомлин неколку пати украде фотографии со хумористична содржина од веб-сајтот durdom.in.ua. Префрлал објави кои содржат авторски права за слики и имиња на автори, а ги објавувал како да се негови. Не реагираше на ниту една жалба. Ги избриша коментарите за украдените содржини и направи да немам пристап до неговиот профил. Бев навреден од неговото однесување и го пријавив на администрацијата на Фејсбук. Пет пати тие едноставно ја избришаа украдената содржина, но Сухомлин не престана да мами. Очигледно, после уште една жалба против него неговиот профил бил избришан.

Шраик, исто така, забележува дека во периодот помеѓу 20 март и 1 јуни тој испратил седум жалби до Фејсбук за Микола Сухомлин.

Заедно со профилот на Сухомлин, Фејсбук ја избришал и страната „За политиката со хумор” (300 000 посетители месечно)  и позната група за новинари ,,MediaUkraine,” управувана од Сухомлин. Како одговор на тоа, некои украински корисници направиле отворена група на Фејсбук за негово поддржување, додека други пак предложиле лично обраќање до креаторот на мрежата Марк Зукерберг.

Појавата на изјавата на Роман Шраик на 7 јуни отворила дебати на Фејсбук за тоа дали приказната на Микола Шухомлин дека станал „жртва на  режимот”  е добро изработена измама.

Неговиот случај нема да биде првиот пример на затворање на профили непопуларни помеѓу украинските власти. Пред само неколку месеци, Фејсбук ја суспендираше сметката на женската група на демонстранти ФЕМЕН, најмногу позната по нивните провокативни реклами со голи гради, кои стоеле неколку недели.

На меѓународно ниво, Фејсбук веќе беше критикуван затоа што дозволил оневозможување на сметката само поради еден извештај, независно од тоа дали корисникот вистински ја нарушил политиката на мрежата. Откако една корисничка сметка ќе биде затворена (независно од причината за тоа), нејзиното враќање е комплицирано.

Многу Украинци кои ја користат мрежата нагласија дека таквата политика го олеснува спречувањето на активистите и замолчувањето на дисидентите на социјалната мрежа. Моментално, над 700 корисници го пријавиле своето присуство на украинскиот Фејсбук настан, наречен ,,Слобода на изразување на Фејсбук”.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.