Нов уредник за јавно здравство на Глобал војсис

Минатиот месец, ги најавивме новите шест граѓански проекти од Рајзинг војсис, во партнерство со иницијативата на Институтот отворено општество за медиуми за здравство. Овој месец, со задоволство ви го претставуваме нашиот нов уредник за јавно здравство, Џухи Батиа. Нејзина работа ќе биде да известува за прогресот на новите микри-грантови во Романија, Јужна Африка, Конго, Украина и Русија и напоредно да известува за светските граѓански медиуми за јавно здравство.

Џухи е јужно азијски-канадски новинар, со пасија за глобалните здравствени прашања. Таа има работено како уредник и известувач за прашања од здравството скоро десет години. Таа има известувано за Ројтерс Хелт од Индија и Тајланд, но и за низа други медиуми, како MSNBC.com, Bulletin for the World Health Organization, Women's eNews и веб сајтот EverydayHealth.com, која таа помогна да се креира (и сѐ уште работи како уредник). Таа моментално се наоѓа во Париз, Франција.

Џухи БатиаЏухи исто така има волонтирано во неколку организации за социјална правда и здравство, вклучувајќи и неколку центри за женски ресурси, невладина организација за сексуално здравје во јужна Индија и алијансата на Јужна Азија за превенција од СИДА, каде таа има водено работилници за ХИВ/СИДА.

Со задоволство и посакуваме добредојде во Глобал војсис, да работиме заедно за да го прошириме нашето покривање на граѓанските медиуми наменети на јавно здравство. Во нејзиниот прв пост за Глобал војсис, таа ги покрива реакциите на индиските блогери за предлогот за задолжително тестирање за ХИВ/СИДА пред брак во државата Махараштра. Добредојде Џухи!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.