Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индија: Дали предбрачните тестови за ХИВ треба да бидат задолжителни?

Со цел да се намали бројот на ХИВ заразени, на почетокот од оваа година индиската земја Махараштра претстави контроверзен предлог, со кој е задолжително паровите да направат ХИВ тест пред да стапат во брак. Слични предлози има и во други индиски земји, меѓу кои Карнатра, Гоа и Андхра Прадеш.

Предлогот ја разгори веќе постоечката дебата во Индија за тоа дали задолжителниот предбрачен ХИВ тест е ефективна превенциска стратегија. Бројот на ХИВ заразени во Индија драстично порасна во 1990 и денес се проценува дека има околу 2.5 милиони Индијци кои живеат со ХИВ. Покрај овие бројки, Националната организација за контрола на СИДА (NACO) ги поддржува доброволните ХИВ тестирања, наместо задолжителните.

blog.bioethics.net истакнува дека таквата политика ќе креира голем број на нови проблеми за Индија.

„Дали новото правило за задолжително тестирање ќе создаде нова стигматизирана класа? Како правилото ќе ги заштити жените во Индија, кога повеќето од нив се инфицираат после бракот како последица на неверните сопрузи? Дали ХИВ позитивните луѓе ќе започнат да се привлекуваат со други ХИВ позитивни луѓе, како нивни единствени можни партнери (таа форма е позната како „цензура“)?“

Боби Рамакант од Сервис за граѓански медиуми известува дека ваквите правила го нарушува правото на приватност и не се однесува на стигмата и дискриминацијата која следи по откривањето на ХИВ дијагнозата. Правилото може да биде контра-продуктивно, бидејќи ХИВ тестот не мора да значи дека ќе доведе до промени во однесувањето на партнерот за да дојде до пренесување на ХИВ.

„Најголемиот прогрес кој ние го направивме за да НЕ мислиме за превенција и третман во изолација сега е во ризик со индиските земји кои промовираат стратегии за ХИВ превенција со кои комплетно се игнорираат третманите, грижата и поддршката за луѓето кои живеат со ХИВ.“

Квиар Индија оди еден чекор понапред, нарекувајќи ја идејата апсурдна.

„На луда идеја не и треба време за да се вкорени во клима на страв и незнаење, клима каде дури и зборувањето за безбеден секс е срамно.“

Меѓутоа, Причини за слобода коментира дека ова правило ќе биде првиот правилен чекор, особено бидејќи сега ХИВ почна да се проширува и кај средната класа во Индија. Предбрачниот ХИВ тест можеби е еден од решенијата за намалување на бројот на ХИВ заразени во Индија, заедно со легализирањето на проституцијата и зборувањето послободно за сексот.

„И покрај сите нестабилни системи, крајно е неверојатно да се прифати дека средната класа во Индија е безбедна. Јас мислам дека во реалноста средната класа во Индија е најранлива на ХИВ од другите. Кога луѓето од средната класа може да ставаат акцент на спојување преку хороскоп (за брак), зошто да не прифатат предбрачен ХИВ тест?“

Махима, кој исто така ги поддржува задолжителните тестирања, вели дека вистинското прашање е кои се импликациите од таков тест?

„На органите кои ги имаат овие резултати, во овој случај владата, дали може да им се верува доволно за да се уверат луѓето дека ова нема да биде чистење на ХИВ позитивните. Но доколку бидеме хипотетични, тогаш зошто да не размислиме дека присуството на овој тест може да ги натера младите луѓе – дури и оние во брак – да се однесуваат одговорно. Бидејќи на крај, ова е болест која е последица на однесувањето и со адекватни мерки, може да биде избегната.“

Сакши ги сумира двете страни од дебатата. Иако нејзиниот иницијален одговор на прашањето за задолжителни ХИВ тестирања беше ДА, таа сега е неутрална.

„На она што се сведува е следното – предбрачниот ХИВ тест овозможува право на сигурен, среќен живот кој може да биде избран од паровите. Меѓутоа, нашите предвремени ставови за болеста, неудобноста и блокадата на нашето општество може да спречи многумина од нас да го искористат тоа право. Понекогаш, дури и нешто незначителното како нашите предвремени ставови може да биде случај на живот или смрт.
Затоа верувам дека е едноставно право на избор. Што мислите вие?“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.