Колумбија: Марш за слобода низ целиот свет

Лого на маршот за слобода на 20 јули

По спасувањето на 15 заложници, кои беа заробени од страна на СВРК, на 2 јули 2008, истата група која го организираше последниот глобален марш на 4 февруари против Револуционерните Вооружени Сили на Колумбија (СВРК или FARC, Revolutionary Armed Forces of Colombia), одлучи дека треба да има уште еден марш на 20 јули, денот кога се слави денот на независноста на Колумбија од Шпанија. Следниве видеа и фотографии покажуваат како се прославуваше маршот за независноста и ослободувањето низ целиот свет.

Од главниот град на Колумбија, Богота, новинарот Виктор Солано постави видеа од толпата, со ненадејно појавување на телевизиски карактер, обожаван од децата низ светот. На неговиот блог има и други видеа и фотографии.

Од Панама, поставено од дејдример191, видео од возбуденоста во маршот, кој го зазема обликот на парада.

Во Австралија, Кина и Холандија, Колумбијците исто така прославуваа во групи, а понекогаш и сами.

Колумбиските блогери пишуваа за своите причини за приклучување на маршот или за својата одлука да не се приклучат на прославите.

Маурисио Дуки Арубла накратко ги објасни своите причини:

Одејќи, раната ќе заздрави…

Неговата жена направи фотографија, наречена „Знамиња“, која го илустрира овој пост.

Динакат, кој живее во друг поголем град во Колумбија, Меделин, го разгледува маршот од комерцијална перспектива и е малку збунета од кампањата која и била испратена на имејл од пицерија, додавајќи дека рекламирањето на пица за маршот за независност и слобода е малку претерано.

Од крајбрежниот град Баранкула во Колумбија, Ел Герент објавува фотографии од неговиот ден на маршот.

Блогерот Арлович Кореа Мачола пишува за идеалите на нациите и како надежта за маршот го засенила убиствата на синдикалистите од страна на државата.

Нацијата утре ќе го заборави синдикалецот  од Поло (опозициска политичка партија), кој беше погребан денеска, избришан од државните сили, според оваа вест. Гулермо Ривера ја носеше неговата ќерка на училиште и тогаш исчезна, откако беше пресретнат на јавниот пат во Богота од индивидуалисти, кои подоцна го измачувале и убиле.
Државата само оваа година има убиено 29 синдикалисти како Ривера.
Државата убива 5 синдикалисти месечно.
Државата убива еден синдикалист неделно.
Државата е крвава, нејзините раце и души се желни за крв.
На крајот од денот државата се моли со венец и ги мие рацете.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.