- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Блогер на неделата: Елена Игнатова

Категории: Источна и Централна Европа, Албанија, Македонија, Дигитален активизам, Јазик, Медиуми и новинарство, Технологија

Иако денешниот блогер на неделата [1] не е всушност блогер, таа е позната во македонската блогосфера за нејзината работа во Глобал војсис на македонски [2], каде таа е преведувач и исто така основач и уредник. Исто така, таа е и уредник на Глобал војсис на албански [3] и страстен читател на блогови.

Нејзиното име е Елена Игнатова [4], таа е 24годишен интернет активист од Скопје, а ние ја имавме можноста да ја запознаеме на самитот на Глобал војсис [5] во Будимпешта, каде таа делуваше како вистински амбасадор на нејзината земја за многумина учесници кои претходно никогаш не запознале [6] некој од Македонија. Меѓу другото, со неа зборувавме за нејзината работа, нејзината вклученост во Глобал војсис и македонската блогосфера. Продолжете да читате.

Елена, Мијали, Кристина, Каталина

Елена со Мијали [7], автор за ГВ од Мадагаскар, Кристина од Гласови од Боливија [8] и Каталина од Хипербарио [9] (Фотографија [10] од Сипакоа [11])

Како се одлучи да започнеш да ги преведуваш постовите на Глобал војсис?
Бев на конференција во Загреб и таму ја запознав Алис Бекер [12], која го претставуваше проектот Лингва и бараше волонтери за превод. Претходно немав слушнато за Глобал војсис, но ми изгледаше како премногу интересен проект. По неколку разговори со неа решив да започнам со превод на Глобал војсис на македонски и албански.
Кога дознав за проектот, веднаш помислив дека ќе ја збогати онлајн содржината на македонски и албански јазик со интересни информации, кои доаѓаат од луѓето, а не од медиумите. Од друга страна, ова е одличен начин да се запознае светот со случувањата тука.

Амбициозни намери!
На почеток мислев да започнам само македонска Лингва страница, но тогаш многу луѓе сугерираа дека ќе биде одлично да има и албанска верзија, па така одлучив да ги работам и двете, со помош од моите колеги од работа.

Кога започна и колку луѓе се вклучени во овие две страници?
Со превод започнавме во јануари оваа година, а официјалното лансирање на сајтовите беше месец дена покасно. Во моментов сме четворица преведувачи за македонски, а само еден за албански. Би сакала да најдам повеќе преведувачи, но од секогаш било тешко да се убедат луѓето доброволно да работат и да останат мотивирани.

Каква е состојбата на блогосферата во Македонија и кои се главните теми кои ги покриваат блогерите?
Блогосферата е доста активна за толку мала земја, мислам дека има повеќе од 200 поста на ден. Главните теми за кои зборуваат блогерите се национална политика, НАТО, Грција :).
Можеби ова беа најчесто покриваните теми во последно време, бидејќи имавме предвремени парламентарни избори и поради сите проблеми со Грција, па повеќето постови во последниве неколку месеци беа на овие теми. Сега кога работите се смируваат, тие пишуваат за секојдневните работи и нивните интереси.

Дали си блогер?
Не, јас сум само читател на блогови. Со мојата работа, студиите, преведувањето за ГВ и слично, навистина немам време. Активна сум во други социјални медиуми, како Фејсбук, но по самитот на ГВ во Будимпешта сериозно размислувам да започнам свој блог :).

Кои се твоите омилени блогови?
Има многу интересни блогови, но доколку некој сака да прочита нешто од македонската блогосфера, може да ја посети платформата Блогерај [13], која ги поврзува повеќето од блогерите.

Што правиш кога не преведува?
Работам во независна, невладина организација наречена Метаморфозис [14]. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество. Работиме на различни проекти, како Криејтив комонс Македонија [15], промоција на користењето на интернет [16], приватност [17] итн. Мојата вклученост во Глобал војсис е исто така дел од мојата работа во Метаморфозис.

Зошто мислиш дека е важно зголемувањето на пристапот на интернет и онлајн медиумите?
Многу е важно луѓето да дојдат до информацијата која им треба. Со интернетот и онлајн медиумите многу е полесно да најдете се што ви треба, а и многу побрзо. За студентите е од особено значење да го користат интернетот како ресурс за информации, но ова се однесува и на сите луѓе.

Што правиш во твоето слободно време?
Студент сум по информатичка технологија, на насока интернет и мобилни технологии.

Кои се твоите желби за иднината на македонската и албанската Лингва страница?
Двете да бидат поврзани, со што ќе се овозможи да биде видливо кога еден пост е преведен на македонски и албански. Од особено значење е луѓето во Македонија да знаат за албанската верзија, да им се овозможи и таа алтернатива.

Доколку зборувате било кој од двата јазици, македонски или албански, и би сакале да се приклучите во овие тимови или некако да придонесете, контактирајте ме на elenaignatova [at] gmail [dot] com