Блогер на неделата: Елена Игнатова
Иако денешниот блогер на неделата не е всушност блогер, таа е позната во македонската блогосфера за нејзината работа во Глобал војсис на македонски, каде таа е преведувач и исто така основач и уредник. Исто така, таа е и уредник на Глобал војсис на албански и страстен читател на блогови.
Нејзиното име е Елена Игнатова, таа е 24годишен интернет активист од Скопје, а ние ја имавме можноста да ја запознаеме на самитот на Глобал војсис во Будимпешта, каде таа делуваше како вистински амбасадор на нејзината земја за многумина учесници кои претходно никогаш не запознале некој од Македонија. Меѓу другото, со неа зборувавме за нејзината работа, нејзината вклученост во Глобал војсис и македонската блогосфера. Продолжете да читате.
Елена со Мијали, автор за ГВ од Мадагаскар, Кристина од Гласови од Боливија и Каталина од Хипербарио (Фотографија од Сипакоа)
Како се одлучи да започнеш да ги преведуваш постовите на Глобал војсис?
Бев на конференција во Загреб и таму ја запознав Алис Бекер, која го претставуваше проектот Лингва и бараше волонтери за превод. Претходно немав слушнато за Глобал војсис, но ми изгледаше како премногу интересен проект. По неколку разговори со неа решив да започнам со превод на Глобал војсис на македонски и албански.
Кога дознав за проектот, веднаш помислив дека ќе ја збогати онлајн содржината на македонски и албански јазик со интересни информации, кои доаѓаат од луѓето, а не од медиумите. Од друга страна, ова е одличен начин да се запознае светот со случувањата тука.
Амбициозни намери!
На почеток мислев да започнам само македонска Лингва страница, но тогаш многу луѓе сугерираа дека ќе биде одлично да има и албанска верзија, па така одлучив да ги работам и двете, со помош од моите колеги од работа.
Кога започна и колку луѓе се вклучени во овие две страници?
Со превод започнавме во јануари оваа година, а официјалното лансирање на сајтовите беше месец дена покасно. Во моментов сме четворица преведувачи за македонски, а само еден за албански. Би сакала да најдам повеќе преведувачи, но од секогаш било тешко да се убедат луѓето доброволно да работат и да останат мотивирани.
Каква е состојбата на блогосферата во Македонија и кои се главните теми кои ги покриваат блогерите?
Блогосферата е доста активна за толку мала земја, мислам дека има повеќе од 200 поста на ден. Главните теми за кои зборуваат блогерите се национална политика, НАТО, Грција :).
Можеби ова беа најчесто покриваните теми во последно време, бидејќи имавме предвремени парламентарни избори и поради сите проблеми со Грција, па повеќето постови во последниве неколку месеци беа на овие теми. Сега кога работите се смируваат, тие пишуваат за секојдневните работи и нивните интереси.
Дали си блогер?
Не, јас сум само читател на блогови. Со мојата работа, студиите, преведувањето за ГВ и слично, навистина немам време. Активна сум во други социјални медиуми, како Фејсбук, но по самитот на ГВ во Будимпешта сериозно размислувам да започнам свој блог :).
Кои се твоите омилени блогови?
Има многу интересни блогови, но доколку некој сака да прочита нешто од македонската блогосфера, може да ја посети платформата Блогерај, која ги поврзува повеќето од блогерите.
Што правиш кога не преведува?
Работам во независна, невладина организација наречена Метаморфозис. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество. Работиме на различни проекти, како Криејтив комонс Македонија, промоција на користењето на интернет, приватност итн. Мојата вклученост во Глобал војсис е исто така дел од мојата работа во Метаморфозис.
Зошто мислиш дека е важно зголемувањето на пристапот на интернет и онлајн медиумите?
Многу е важно луѓето да дојдат до информацијата која им треба. Со интернетот и онлајн медиумите многу е полесно да најдете се што ви треба, а и многу побрзо. За студентите е од особено значење да го користат интернетот како ресурс за информации, но ова се однесува и на сите луѓе.
Што правиш во твоето слободно време?
Студент сум по информатичка технологија, на насока интернет и мобилни технологии.
Кои се твоите желби за иднината на македонската и албанската Лингва страница?
Двете да бидат поврзани, со што ќе се овозможи да биде видливо кога еден пост е преведен на македонски и албански. Од особено значење е луѓето во Македонија да знаат за албанската верзија, да им се овозможи и таа алтернатива.
Доколку зборувате било кој од двата јазици, македонски или албански, и би сакале да се приклучите во овие тимови или некако да придонесете, контактирајте ме на elenaignatova [at] gmail [dot] com
Категории

Приклучи и се на дискусијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
1 коментар
jas sum sredovecna i od skoro pocnav da koristam internet(bez poznavane na engleskiot jazik se custvuvam mnogu hendikepirano) vasite napisi i site ostanati od global voices za mene se dobredojdeni.Prekrasno samo prodolzete.