Непрофитната, само-финансирана група на автори наречена Кооперација, неодамна во Скопје одржа изложба насловена „Точка на топење: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда“ (en [1], mk [2], со фотогалерија).

Инес Ефремова, „Стравот го врти светот“, 2014, дигитален печат. Фото: Кооперација, објавено со дозвола.
Како што известија [3] неколку избори на вести кои покриваат културни настани [4], меѓу кои и белградскиот SEE Cult [5], настанот претстави дела на неколку светски реномирани уметници и уметнички групи. Меѓу нив беа дела од Виталиј Комар [6], IRWIN [7], Сантијаго Сиера [8], DETEXT [9], како и од некои од најенергичните уметници од регионот, како Немања Цвијановиќ [10], Ибро Хасановиќ [11], Игор Тошевски [12], Кристина Горовска [13] и Јуре Лаврин [14], Инес Ефремова [15], Филип Јовановски [16], О-П-А [17]… и други.
Групата уметници која ја организираше изложбата се опишува на следниот начин [18]:
Кооперација е иницијатива чија цел е активно делување вон инертните институционални рамки а која предлага еден поинаков начин на создавање и доживување на современата уметност на територијата на Република Македонија (…)
Основната стратегија на Кооперација е окупирање на привремено слободни простори распрскани по урбаниот пејсаж и јавно изложување преку стратегија на блицкриг настапи. Замислена е како поттикнување на активен конструктивен дијалог во име на преиспитување на критичките позиции преку уметноста и создавање на поволна клима за продлабочување на можностите за слободна размена на идеи, искуства и слобода на изразувањето.