Уметници ја истражуваат „точката на топење“ меѓу уметноста и пропагандата во Скопје

Непрофитната, само-финансирана група на автори наречена Кооперација, неодамна во Скопје одржа изложба насловена „Точка на топење: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда“ (en, mk, со фотогалерија).

Инес Ефремова, „Стравот го врти светот“, 2014, дигитален печат, 100 x 200 см. Фото: Кооперација, објавено со дозвола.

Инес Ефремова, „Стравот го врти светот“, 2014, дигитален печат. Фото: Кооперација, објавено со дозвола.

Како што известија неколку избори на вести кои покриваат културни настани, меѓу кои и белградскиот SEE Cult, настанот претстави дела на неколку светски реномирани уметници и уметнички групи. Меѓу нив беа дела од Виталиј Комар, IRWIN, Сантијаго Сиера, DETEXT, како и од некои од најенергичните уметници од регионот, како Немања Цвијановиќ, Ибро Хасановиќ, Игор Тошевски, Кристина Горовска и Јуре Лаврин, Инес Ефремова, Филип Јовановски, О-П-А… и други.

Групата уметници која ја организираше изложбата се опишува на следниот начин:

Кооперација е иницијатива чија цел е активно делување вон инертните институционални рамки а која предлага еден поинаков начин на создавање и доживување на современата уметност на територијата на Република Македонија (…)

Основната стратегија на Кооперација е окупирање на привремено слободни простори распрскани по урбаниот пејсаж и јавно изложување преку стратегија на блицкриг настапи. Замислена е како поттикнување на активен конструктивен дијалог во име на преиспитување на критичките позиции преку уметноста и создавање на поволна клима за продлабочување на можностите за слободна размена на идеи, искуства и слобода на изразувањето.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.