Индија: Гонејќи го сончевото затемнување

На 22 јули, ќе бидеме сведоци на најдолгото сончево затемнување на 21 век. Затемнувањето ќе биде видливо од 5:20 до 7:40 наутро во рамки на тесниот коридор кој се шири на половината од Земјата. Во Индија, патот на затемнувањето ќе биде како на сликата:

Image courtesy NASA

Сликата е од НАСА

Постои голема возбуда во земјата поради затемнувањето. Иако Earthquakeforcasting вели дека за затемнувањето во Индија генерално се заинтересирани 4 сегменти на луѓе – имено астрономите, астролозите, религиозните луѓе и астротуристите, изгледа дека мнозинството Индијци може да се сместат во било која од овие категории.

За Хиндусите, еклипсата не е само астрономски настан. Тој длабоко навлегува во  религиозните и културните верувања; постојат многу митови поврзани со затемнувањето. Astronomy India Blog се обидува да открие неколку од нив овде.

Туристичката индустрија се подготвена да заработи од ова возбудување околу затемнувањето. Местата кои се наоѓаат во коридорот на затемнувањето се подготвуваат за да ги сместат сите тие луѓе кои ќе дојдат да фатат мал дел од настанот.  Goodread пишува дека дури и малите села како Тарегана во Бихар се во збрка со подготовките откако се најде на листата на НАСА како една од најдобрите положби од каде ќе се има добар видик на тоталното затемнување.

И зборувајќи за гонењето на затемнувањето на сонцето, тур-операторите исто така добиваат и бројни барања за чартер летови со цел да се набљудува оваа појава и од над облаците. Всушност како што посочува DesPardes India, организиран е дури и специјален лет за помрачувањето за да се понуди оваа привилегија по цена од INR 75,000 (приближно 1560 американски долари) – цена за седиште до прозорецот на овој лет долг 3 часа од Делхи.

Религиозните хиндуски умови ќе се соберат на светите места како Варанаси, Курукшетра (Харуана) итн, за да влезат во реката. Локалната администрација на Харуана очекува повеќе од  милион аџии и исто така  нуди осигурување кое ги покрива аџиите во случај на несреќа.

Ако сте еден од среќниците кои ќе го гледаат овој редок настан, овие моменти на магија на 22 јули, запомнете да превземете адекватни заштитни мерки за очите.

Среќно гледање!

Мапата на затемнувањето е од F. Espenak & J. Anderson, NASA/Goddard Space Flight Center

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.