Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Дали Малезија има потреба од Младинско собрание?

За време на неодамнешниот „Собир на еден милион млади”, кој што се случи во периодот од 27-29 мај 2011 год., премиерот на Малезија, Наџиб Тун Разак, даде краток преглед на шест нови иницијативи, во кои спаѓа и создавање на Младинско собрание. Таквото собрание би било место кое ќе овозможи владата да побара мислење од младите за политиката, управувањето и други државни прашања. Кои се реакциите на блогерите?

Point Blank Rambler изјави дека младите треба да имаат повеќе простор за да го кажат своето мислење за насоките на земјата:

Dan aku sangat berharap bahawasanya Parlimen Belia ini tidak bias – dikuasai oleh kerajaan sepenuhnya. Sebab, sebagai negara yang mengamalkan Demokrasi, setiap rakyat adalah berhak menentukan hala tuju sesebuah negara dan benda ni termasuklah golongan belia sendiri, betul tak?

Kalau dah tujuan asal pembentukan Parlimen Belia ni adalah untuk melatih generasi belia dalam menentukan halatuju negara, maka mereka perlu menghormati hak kita dalam membuat keputusan tanpa sekatan.

Се надевам дека Младинското собрание нема да биде пристрасно и целосно контролирано од владата. Како земја која што практикува демократија, секој граѓанин ги има правата да одлучува за насоките на својата земја, а тоа ги вклучува и младите, нели?

Ако целта на Младинското собрание е да им дозволи на младите генерации да одлучуваат за насоките на својата земја, тогаш тие мораат да го почитуваат тоа право без какви било ограничувања.

The Flying Kick вели дека опозицијата ќе има поголема контрола над Младинското собрание:

Bila Najib Abdul Razak memutuskan untuk mewujudkan Parlimen Belia bagi mendedahkan belia-belia negara ini kepada proses demokrasi yang sebenar, ramai yang menyambut baik. Dan sudah tentulah yang paling gembira dengan penubuhan Parlimen Belia itu adalah pemimpin Pakatan Rakyat.

Sedangkan UMNO pula sekadar boleh berbangga kerana telah mewujudkan Parlimen Belia. Pengisian dalam Parlimen Belia tidak akan ke mana-mana, seperti mana yang berlaku dalam agensi-agensi lain seperti KEDA, KESEDAR, KETENGAH dan sebagainya. UMNO hanya menubuhkan tetapi akhirnya yang menguasai adalah puak-puak Pakatan Rakyat.

Parlimen Belia juga bakal menerima nasib yang sama. Kebanyakan pemimpin UMNO hanya aktif apabila mereka hendak meminta jawatan tetapi untuk mengisi tanggungjawab jawatan yang diminta, biasanya mereka tidak ada masa. Masa mereka banyak dihabiskan untuk perkara-perkara lain termasuklah untuk golf!

Кога Наџиб Абдул Разак го објави создавањето на Младинското собрание како начин на кој ќе се овозможи запознавање на младите од Малезија со демократскиот процес, многумина ја поздравија оваа идеја. А најзадоволна група би била опозицијата.

УМНО (UMNO) (водечката политичка коалиција) може само да биде горда на создавањето на Младинското собрание. Нема да помине само така , како и другите агенции: КЕДА, КЕСЕДАР, КЕТЕНГАХ и сл. УМНО го создава Собранието, но луѓето од опозицијата ќе го контролираат.

Младинското собрание  ќе ја има истата судбина. Лидерите на УМНО ќе бидат активни  кога ќе сакаат да држат работно место, но ќе немаат време за исполнување на нивните должности. Повеќе време ќе поминат правејќи нешто друго, како на пример играње голф.

Следбеници на motivationmy.com ги споделуваат своите мисли:

@Azziskandar: Добра идеја се додека не се исполитизира премногу. Се надевам дека младите повеќе ќе работат на вистинските потреби, отколку на личните планови.

@shusshshussh: Младинското собрание е добра идеја за размена/дебатирање на мислења и закони со што би се намалила генерациската празнина. Но, не за законодавство.

Abdul Rahim (преку Facebook): Добра идеја… па така во иднина парламентарците ќе бидат поодговорни, ќе присуствуваат на сите седници, нема да ги претвораат во циркус и ќе дискутираат со факти, а не со емоции…

Dhallan (преку Faceboook): Верувам дека тоа е само реклама за пред јавноста. До сега предлогот е веќе ставен во фиока. Не мислете дека ќе се случи.

@sherylhosulynn: Мислам дека е добра идеја, но треба да ни дозволат да го кажеме тоа што го мислиме, и да не не ограничуваат ако тоа навистина се случи!

@JFJuhari: Мојот прв предлог би бил да се отстрани цензурата. Благодарам.

Ilhan Hikaru (преку Facebook): Ќе биде успешно се додека се однесува на исламскиот закон.

@zulfadly (од  Брунеј): Вау. Вашата влада го предложи ова? Прекрасно. Се надевам ќе се оствари. Ќе биде значајно достигнување доколку се реализира.

Досега  нема официјални вести за Младинското собрание.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.