Казахстан: Декада на културата и медиумите

Денешната обиколка на блоговите од Казахстан е посветена на културата и медиумите и како тие се испреплетуваат. Секако, тоа не поминува без политиката да биде инволвирана, како и во многу други работи во Казахстан.

Megakhuimyak смета дека главниот проблем во казахстанската литература и уметност е нивната ирелевантност и недостаток на тематика [руски]:

„Зборувам за сатирата и карикатурата – жанрови кои ја рефлектираат моменталната ситуација. Оние кои егзистираат во моментот се ограничени од уредничката политика и банални техники. Мое лично мислење е дека ќе можеме да кажеме дека нашата култура заживува, дури кога овие два жанра ќе оживеат.“

Ehot , професионален медиум, се обиде да гледа неделен блок вести на државната телевизија. Еве што тој мисли за тоа [руски]:

„Не сум сигурен чија била идејата да се најавува содржината цели 5 минути, но тоа беше премногу. Што може да се каже за просечните ТВ гледачи, кога беше премногу досадно дури и за мене, јас кој намерно сакав да ги гледам вестите? Го исклучив телевизорот уште пред да заврши најавувањето“

A-strekoza исто така се обиде да направи најдобро што може и гледаше филм за вршителот на должноста претседател откако го симна од официјалниот веб сајт на главниот карактер на филмот [руски]:

„Еден вид на катастрофа. Нeмам никакви забелешки околу работата на камерманот, но целиот филм е чудна мешавина од ласкање со лош глас кој говори нешто сосема патетично и многу застарено сценарио… Се прашувам кој одлучил дека таквиот филм може да ја подобри сликата за земјата и претседателот?“

Count – asylum ги дели своите идеи кои ги добил по учеството на состанокот на фановите на анимацијата во Караганда. Она што таму се случило е  дека полицијата ја следела одблиску групата на млади фанови од јапонската уметничка анимација. Спроведувачите на законот биле исплашени дека тие биле собрани за некој несанкциониран состанок [руски]:

„Мора да и се додаде патос и претерување на оваа приказна за да се постигне повеќе драма. Како на пример: Кога тие го срушија опозиционерскиот весник, јас останав без зборови – читав вести на веб. Кога го ставија Закианов [опозицискиот лидер] во затвор, јас истотака не реков ништо – бев ученик. Кога го блокираа Лајв журнал, не се побунив – знам за анонимизирачите. Но кога тие дојдоа по фановите на аниме, немаше никој за да протестира.”.

Исто така поставено и на neweuroasia..

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.