На 19 април 2011 год. се одбележаа три години од добро познатата несреќа: пожарот во дискотеката Фактори во главниот град на Еквадор, Куито, во 2008 год., за време на готик-рок концерт. Како резултат на пожарот имаше 19 мртви и 24 ранети. Меѓу починатите беа сите членови на рок-бендот Целестиал, и дури и ден денес некои од преживеаните имаат последици од трагедијата.
И покрај тоа што за овој случај имаше судење и казни, семејствата и пријателите на жртвите продолжуваат да се борат за правда, а пред се за да не се исклучуваат настапи на рокери од различни жанрови, туку да им се дозволи заедно да настапуваат во кој било дел од градот, а не само во изолирани места со сомнително осигурување.
Во тој период различни блогери во Еквадор беа загрижени за ова, како на пр. Сик бој кој во Wild child's Journal го обвини општеството за сензационализам, како и за предрасуди во однос на оние на кои им се допаѓа готик рок:
El contexto de “un show publico cualquiera que terminó en tragedia” se ha trastocado hacia “una secta que buscaba la muerte”, o “jóvenes confundidos q adoraban a Satán”, o hasta “piromaniaticos terroristas”, bla bla bla… […] Un simple gusto musical pasa a ser prejuicio de unos cuantos que nos creen dementes, y que sin una “ayuda profesional” quizás terminemos matándonos entre nosotros o haciéndole daños a terceros… así el rockero retratado como antisocial capaz de cometer atrocidades cobra fuerza…
Алексис Кузме од De Ciudad Hecatombe ја допира истата тема, а освен тоа ги објаснува и тешкотиите со кои се соочуваат оние кои организираат ваков тип на шоуа:
Muchos de los organizadores de conciertos rockeros prefieren hacerlos subterráneos, en salas más o menos acondicionadas para albergar a cien o hasta doscientos espectadores, no buscan los permisos legales porque es un trámite donde la burocracia deja ver su poder, y sobre todo porque siempre habrán interminables y absurdos peros para que se evite un concierto de rock (el prejuicio en su mejor forma).
На 19 април, минатата година, во Плаза Гранде во Куито, од страна на семејствата и пријателите на жртвите се укажа голема почит и направија напори да ги направат луѓето почувствителни по ова прашање:
Еден од активистите сметаше дека е во ред да коментира на ова:
Како дел од активностите во последниве три болни години, се одржа рок фестивал, Factory nunca más 2011 (Фактори никогаш повеќе 2011), и панел дискусија. Исто така, почит беше изразена преку блогови и видеа.
Овој случај, како и случаите со клубовите : Република Кромањон во Буенос Аирес, Аргентина, Утопија клубот во Лима, Перу, како и многу други, се доказ за неформалноста и неодговорноста на оние кои расплетуваат многу спектакли и забавни собирања за младите во Латинска Америка, независно од социјалната класа на која што припаѓаат.